„Парите се отров“ – Милионер се откажал од сè и заминал да живее на пуст остров
- Детали
- вторник, 31 декември 2019
Нема личност која барем еднаш не посакала да биде милионер. Всушност, сите сме убедени дека ако имаме милион долари, нема да се откажеме од нив за ништо. Но, изгледа дека Дејвид Глашин не е како нас.
Дејвид бил успешен бизнисмен кој во банка имал милиони. Тој го имал животот од соништата и неколку години уживал во неговата материјална сигурност. Но, во 1987-ма се соочил со голем финансиски „бродолом“, кратко по крахот на берзата.
Тој период Дејвид изгубил поголем дел од богатството, но ова не било крај на неговите страдања. Набрзо потоа го напуштила и неговата сопруга.
Во тој момент Дејвид решил да се откаже од неговиот дотогашен живот, се упатил на пуст остров и таму живее повеќе од 20 години.
„Сакам овде да умрам. Ова е мојот рај на Земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите се отров. Поради нив ми се распадна бракот“, вели Дејвид.
Дејвид очигледно ужива во новиот начин на живот. Сепак, понекогаш му недостига разговорот со другите, па би сакал некој да го посетува барем неколку пати годишно.
Современиот Робинзон Крусо вели дека позитивните мисли се најважното нешто кај овој начин на живот.
„Морате постојано да размислувате позитивно, во спротивно ќе полудите. Ќе бидете соочени со искушенија и работите нема секогаш да одат по план.“
Дејвид го напушта островот една годишно, но само за да ги набави потребните намирници за живот.
Тој вели дека островот му помогнал да стане подобра личност, која знае да го цени најважното во животот.
„На секој му треба исцелување во некој момент од животот, а токму тоа ми се случи мене.“
Дејвид има 21-годишен син, како и ќерка која никогаш го нема посетено на островот. Тој се соочил и со голема трагедија – пред 6 години неговата друга ќерка извршила самоубиство.
Дејвид живее на остров во Австралија, па се соочил со властите кои сакале да го натераат да се исели. Сепак, тој се надева дека ќе може да живее овде до крајот на неговиот живот.
Спирова С. | Црнобело