17 настани што докажуваат дека 2019-та беше одлична година

Сте забележале ли дека повеќе внимание им обрнувате на лошите вести? Едно истражување покажало дека повеќето луѓе го прават ова и секогаш подобро ги помнат лошите вести.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-01.jpg

Причината за ова е нашиот мозок, кој е „програмиран“ да забележува потенцијални закани. Иако денес живееме во еден од најмирните периоди во историјата, нашата психа сè уште нè тера да се фокусираме на негативното.

Но само затоа што им обрнувате внимание на лошите вести, не значи дека годинава не се случило ништо добро.

Следниве настани ќе ви покажат дека 2019-та навистина беше одлична година:

1. Во Холандија, на покривите на 316 автобуски постојки беа посадени цвеќиња со цел да им се помогне на пчелите.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-02.jpg

2. Грбавите китови беа пред истребување, но годинава нивниот број се зголеми. Изминатиов век имаше околу 450 грбави китови, но денес има речиси 25.000.

3. Организацијата Vet Friends Foundation направи навистина интересен проект - тие бараат стари осамени воени ветерани и им нудат да вдомат бездомно куче. Истовремено, организацијата ги покрива сите медицински трошоци за кучињата.

4. Норвешка одлучи да не копа нафта на островите Лофотен, иако се проценува дека нејзината вредност е околу 60 милијарди долари.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-03.jpg

5. Во Сеул, Јужна Кореја почнаа да се организираат дневни диско забави. Забавите се за луѓе постари од 65 години и им помагаат да се справат со деменцијата и осаменоста.

6. 20 афрички држави станаа дел од огромен проект – учествуваат во изградбата на Големиот зелен ѕид, чија цел е да го спречи сечењето на шумите во Африка. Досега се спасени околу 32 милиони хектари земја. По завршувањето, ѕидот од дрвја и растенија ќе биде со должина од 8.000 километри, ќе зафаќа површина од 100 милиони хектари и ќе биде видлив од вселената.

7. Тереза Качиндамото од Малави успеа да раскине 3.500 присилени бракови и да ги спаси малолетните девојчиња. Истовремено, таа им овозможи да го продолжат нивното образование.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-04.jpg

8. Од 2019-та, во Рим можете да платите за јавен превоз со пластични шишиња. Уште во првиот месец од програмата, беа собрани околу 100.000 пластични шишиња.

9. Европскиот парламент изгласа забрана за користење пластика за една употреба. Законот треба да стапи на сила во 2021-ва и ќе важи за сите држави членки на ЕУ.

10. Во Калифорнија на сила стапи закон против суровост кон животните, со кој се забранува продажба и купување на продукти од природно крзно.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-05.jpg

11. Владата на Костарика постави забрана за правење селфи фотографии со диви животни.

12. Во Амстердам се прославија навистина интересни пловења по каналите. Туристите можат да уживаат во глетката, но и да собираат отпад од водата со помош на мрежа. Досега се собрани околу 146.000 пластични шишиња.

13. Годинава, Нобеловата награда за медицина му припадна на истражување кое ја проучуваше реакцијата на клетките на телото изложени на различно количество кислород. Ова е вистинска револуција во онкологијата – ако клетките на туморот не добиваат доволно кислород, тие ќе престанат да растат. Па, оваа терапија би можела да ја замени хемотерапијата.

14. Научниците направија храна за мачки која ја спречува појавата на алергиска реакција кај луѓето.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-06.jpg

15. Холандија стана првата држава во светот во која нема кучиња скитници.

16. Во 2019-та, дури 40 држави ја забранија употребата на диви животни во циркусите.

17. Градежникот Стив Томпсон годинава освои 136 милиони долари на лотарија. Но, тој продолжи со неговата работа како градежник, само што сега не им наплаќа на муштериите. Наводно, тој сакал неговите клиенти да можат да си купат новогодишни подароци, наместо да му плаќаат него.

17-nastani-shto-dokazhuvaat-deka-2019-ta-beshe-odlichna-godina-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg