Жена-херој: Помогнала да се раскинат 850 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

Нејзиното име е Тереза Качиндамото, а таа работи во областа Дедза во централниот дел на Малави. Тереза практично „држи“ 900.000 луѓе во своите раце и не се плаши да го употреби својот авторитет кога станува збор за малолетни девојчиња кои се заробени во бракови со постари мажи против нивната волја.

Zena-heroj-pomognala-da-se-raskinat-850-brakovi-01.jpg

Во последните 3 години Тереза помогнала да се раскинат повеќе од 850 вакви бракови и вратила стотици девојчиња во училишните клупи за да го продолжат своето образование. Таа се обидува да ѝ стави крај на лошата практика која во држави како Малави подразбира учество на 7-годишни девојчиња во кампови каде што постои сексуална едукација и подготовка за нивните бракови.

Повеќе од половина од девојките во Малави се мажат пред да наполнат 18 години, но според Извештајот на Обединетите Нации, заложбите на Тереза ја прават витален сојузник во борбата против малолетните бракови и правата на жените и децата.

Иако минатата година во Малави се изгласа закон со којшто девојките не смеат да се мажат пред да наполнат 18 години, со согласноста од родителите оваа традиција продолжува.

Кога дел од нејзините машки колеги ги одобриле овие бракови, таа ги суспендирала од работните обврски и ги натерала да ги раскинат склучените бракови, а девојките биле вратени во училиште.

Zena-heroj-pomognala-da-se-raskinat-850-brakovi-02.jpg

Тереза исто така бара од Владата на Малави повторно да се зголеми старосната граница за стапување во брак на минимум 21 година. Во овој дел од светот девојчињата се најчесто „продадени“ во вакви бракови со постари луѓе со цел да им се олесни товарот со финансиските проблеми.

Една од пет девојки во Малави е жртва на сексуална злоупотреба. Еден од 10 луѓе е заразен со ХИВ. Тереза продолжува да им се заканува на сите кои ги одобруваат малолетните бракови со зборовите дека ќе бидат казнети и избркани од работното место.

Таа вели дека ќе продолжи да се бори за правата на жените и децата или со нејзините зборови: „Доколку се образовани, може да бидат и да имаат сè што ќе посакаат“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg