7 работи што треба да ги знаете за мистериозната река Нил
- Детали
- четврток, 26 декември 2019
Дали знаете која е најдолгата река во светот? Нил се протега на 6.650 километри на африканскиот континент и многумина сметаат дека е најдолгата река во светот.
Бразилските географи не се согласуваат со ова, тврдејќи дека Амазон е околу триста километри подолг.
Името Нил потекнува од грчкиот збор Neilos што означува долина на реката. Во Египет се нарекува и iteru, односно голема река.
Ова се 7 работи што треба да ги знаете за мистериозната река Нил:
1. Реката Нил е без сомнение најдолгата африканска река, која тече низ 11 држави: Танзанија, Уганда, Демократска Република Конго, Руанда, Бурунди, Етиопија, Кенија, Еритреја, Јужен Судан, Судан и Египет.
2. Нил опфаќа приближно 10% од територијата на Африка.
3. Нил е создаден со спојување на Белиот Нил, кој извира во Јужен Садан, и Синиот Нил,кој извира во Етиопија. Реката се влева во Средоземното Море.
4. Името Нил потекнува од грчкиот збор Neilos што означува долина на реката. Во Египет се нарекува и iteru, односно голема река.
5. Реката уште во античките времиња била многу важна за Египет и неговото население. Нил го наводнува и го олеснува животот на 95 проценти од населението во оваа северноафриканска земја, особено откако е изградена браната Асван во 1970 година.
6. Некои извори наведуваат дека Нил бил често корисен за транспорт на материјали за изградба на големите пирамиди во Гиза. Античките Египќани верувале дека Нил е мост кон задгробниот живот и дека душите на починатиот патувале преку реката за да стигнат до вечноста.
7. Во Нил и околу Нил живеат многу животни, од кои се издвојуваат крокодилите. Овие предатори се познати по тоа што ги напаѓаат луѓето. Некои статистички податоци покажуваат дека околу 200 напади врз луѓе се случуваат секоја година на реката Нил.
Ашера | Црнобело