Храбра девојка дала отказ, го „откачила“ момчето и тргнала на пат околу Америка

Сигурно барем еднаш сте посакале да оставите сè зад вас и да започнете нов живот, овојпат следејќи ги сите ваши соништа и страсти.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-01.jpg

Сиднеј Фербраш сонувала за ова, и еден ден решила сонот да го направи реалност.

Денес, 24-годишната девојка патува ширум Америка со нејзиното комбе и нејзиното куче. Таа дури си има и работа со полно работно време, што ја работи од нејзиниот лаптоп.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-02.jpg

Сиднеј е инспирација за сите потенцијални авантуристи, па не е ни чудо што нејзината приказната стана вистински хит на интернет.

Сиднеј е од Индијанаполис и откако му раскинала на момчето, сакала да му покаже на светот дека и жените можат да патуваат сами. Или барем во друштво на нивното куче.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-03.jpg

Првото соло патување на оваа храбра девојка било до Јужна Африка.

„Си реков не ми е гајле, ќе одам сама. Истражував многу за безбедноста и жените во Јужна Африка и патував од Кејптаун до Јоханесбург три и пол недели.“

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-04.jpg

Нормално, нејзините родители биле преплашени, но Сиднеј верувала дека сѐ ќе биде во ред.

„Кога се вратив дома, реков дека сум способна да направам што било. Тоа беше моето прво соло патување и навистина ми го промени животот.“

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-05.jpg

После патувањето во Африка, Сиднеј тргнала на пат со нејзиниот тогашно момче. Во септември 2017-та тие купиле комбе Mercedes Benz Sprinter за 18.000 долари. Реновирањето ги чинело околу 10.000 долари.

Сепак, набрзо потоа Сиднеј го напуштила момчето бидејќи наводно, не си одговарале и имале сосема различни соништа.

Тој период младата девојка имала три работни места, штедела пари за ново комбе и направила веб-сајт за нејзиниот начин на живот. Во септември 2018-та била подготвена повторно да тргне на пат.

Овојпат, таа си нашла нов придружник – златниот ретривер Ели. Оттогаш, Сиднеј и Ели имаат посетено над 20 држави во Америка.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-06.jpg

„Секогаш велам дека ова е 3 до 5-годишен план. Има поминато повеќе од една година, а можеби 2 години од сега ќе сфатам дека сакам постојано да го правам ова. Ниту еднаш не сум се посомневала во одлуката. Нема место на кое би сакала да запрам во иднина. Сепак, не сакам ни да се тврдам дека морам постојано да патувам“, вели девојката за нејзиниот подвиг.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-07.jpg

Сиднеј неретко добива прашања за тоа како се снаоѓа финансиски, а многумина ја критикувале дека ги користи парите на нејзините родители. Сепак, како што напоменавме, Сиднеј имала 3 работи за да заштеди за оваа авантура, а и сега работи со полно работно време.

Доколку имате во план некоја ваква авантура, оваа девојка нека ви служи како инспирација. Изглед дека навистина секој може да направи сè, штом вистински ќе го науми тоа.

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-08.jpg

hrabra-devojka-dala-otkaz-go-otkachila-momcheto-i-trgnala-na-pat-okolu-amerika-09.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg