8 недели по раѓањето првпат бил на шишање – Момчето кое го споредуваат со Могли (фото)
- Детали
- петок, 29 ноември 2019
Малечкиот Оскар се родил со густа, црна коса долга 5cm, плаче кога не сакајќи ќе се скубне, а за првпат бил на шишање на само 8 недели – како изгледа момчето што го споредуваат со Могли?
Косата на Оскар Џонс била забележана уште на ехо додека мајката била бремена со него, а докторите процениле дека бебето има 1cm долга коса уште пред да се роди.
Кога мајката се породила, сите биле зачудени кога виделе бебе со густа, црна коса, долга 5 cm, па родителите морале да го однесат на првото кратење на косата по само 8 недели.
„Не ни се веруваше колку многу коса имаше кога се роди! Не е нешто што се гледа секој ден! Косата му беше и уште му е многу густа и многу црна. Јас и Џошуа имаме кафеави коси, но сепак е поблиску до неговата отколку до мојата.
Мислам дека Оскар е свесен дека има премногу коса и кога го успиваме си игра со неа. Но, ако прстињата му се заплеткаат, почнува да плаче кога не сакајќи ќе се искубе.“ – изјавила мајката на малечкиот Могли, како што многумина го нарекуваат.
Замислувате ли како би изгледало вашето бебе да има толку многу коса и да го чешлате и шишате уште на неколку недели по раѓањето?
М. М. | Црнобело