Повеќе нема пушење ниту во грчките кафулиња
- Детали
- четврток, 21 ноември 2019
Во Грција стапи на сила забраната за пушење на јавни места, а оние што ќе ја прекршат можат да си заработат казна од 100 до 10.000 евра.
Пушењето е забрането во сите затворени простории, канцеларии, јавни места, автобуски станици и аеродроми, освен во просториите кои се наменети за тоа.
Истовремено, доколку запалите цигара во близина на место каде што има малолетници, училишта и спортски терени, ќе треба да платите казна од 200 евра.
Забраната важи и за автомобили. Односно, ако запалите цигара во приватен автомобил во кој има дете помало од 12 години, ќе платите 1.500 евра. Ако станува збор за службен автомобил, казната е 3.000 евра.
Најмногу ќе се контролираат кафетериите, рестораните и дискотеките, но многу Грци изјавија дека повеќе сакаат да платат казна, отколку да пијат кафе без цигара.
Но, проблемот е што со ова можат да му наштетат на сопственикот на локалот – доколку некој запали цигара внатре, тој ќе треба да плати 500 евра.
„Грците мораат да се грижат за своето здравје и да ги остават цигарите. Забраната за пушење jа доживуваме како смела и модерна инцијатива во интерес на здравјето на нацијата, одлука што ја спроведоа многу држави, што значи, тоа го може и Грција“, изјави грчкиот премиер.
Спирова С. | Црнобело