Поминал 14.000 km со количка околу Мексико за да спасува бездомни животни – ни се враќа вербата во хуманоста
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Едгардо е човекот кој поминал 14.000 km низ Мексико, туркајќи количка во која ги прибира и превезува повредените бездомни кучиња, кои подоцна ги згрижува.
Неодамна овој човек бил забележан со неговата неверојатна мисија, па приказната за него вирално се прошири.
Едгардо Перос има неверојатна љубов кон сите живи суштества, а не може да ги игнорира бездомните кучиња на кои им е потребна помош.
Тој поминал 14.000 km низ Мексико, туркајќи количка во која ги прибира повредените и болни кучиња, за кои подоцна се грижи, а во изминатите 6 години има спасено околу 500 кучиња.
За оние на кои не може да им помогне, а ќе ги најде на патот, тој нуди посебен вид на помош – легнува со нив на земја и седи покрај нив додека ги живеат последните моменти од животот.
„Никој не им помага на кучињата кои немаат дом и живеат по улици. Јас ја гледам нивната болка и ме боли, бидејќи не е до нив, туку до луѓето кои ги оставаат. Мислам дека она што му е потребно на некој во оваа ситуација, независно дали е човек или животно, е друштво и барем малку љубов.“ – изјавил 49-годишниот маж.
Неговата цел е да направи обиколка низ целата земја, а според поминатите 13.900 km, за оваа цел му недостасуваат уште 1432 km.
Инаку, Едгардо има 3 негови кучиња кои го придружуваат од почетокот на патешествието, пред 6 години. Останатите кучиња кои ги спасува, ги кастрира, вакцинира и ги дресира пред да ги даде на посвојување.
Фотографот кој го открил овој инспиративен човек направил и краток филм за него:
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=954490854949450