Се бакнува со случајни минувачи за заљубени Инстаграм фотки – девојка од Косово живее во лажен свет
- Детали
- среда, 06 ноември 2019
На сите им е јасно дека блогерките живеат во лажен свет, но оваа девојка од Косово отишла чекор подалеку – бара од случајни минувачи да ја бакнуваат пред популарни знаменитости за Инстаграм фотки.
Инстаграмџиите секојдневно ги изместуваат границите за она што е нормално и создаваат лажен свет само за да се прикажат себеси со совршено светло.
Кристиана Куки е девојка од Косово, која отворено признава дека барала од непознати мажи да ја бакнат пред популарни знаменитости, за да направи совршена фотка и да го прикаже нејзиниот „љубовен живот“.
23-годишната девојка отсекогаш посакувала романтични фотки од патувања и решила да ги преземе работите во свои раце.
Па така, таа се фотографирала додека се бакнува со непознат маж пред Ајфелова кула, за да покаже дека си поминува прекрасно на романтично патување во Париз.
Слична фотка објавила и со случаен минувач пред Колосеумот во Рим и со пожарникар, а во описот на фотките на Твитер отворено пишува:
„Се надевам дека е добар овој дечко што го сретнав пред Ајфелова кула и му побарав да се бакнеме на слика за да се преправам дека си поминувам романтично во Париз.“
„Се надевам дека и овој дечко од Рим е добар исто така...“
Откако ги објавила фотките, тие вирално се проширија, а покрај оние кои ја осудуваат и критикуваат, верувале или не, се најдоа и такви кои ја пофалија за храброста, па некои дури признаа дека го имаат направено истото.
https://twitter.com/cehrah/status/1190371646097354752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tyla.com%2Flife%2Freal-life-woman-kiss-random-men-holiday-instagram-fake-pictures-20191105
Една девојка споделила фотка со непознат маж, направена во Емпаер стејт билдинг во Њујорк, друга девојка признала дека истото го сторила со маж од Франција додека била на Бали, а трета, го направила тоа пред Фонтана ди Треви...
Што мислите за овој нов „тренд“?
М. М. | Црнобело