Успешна приказна на двајца млади претприемачи - 9 магични ресторани кои се полни секој ден
- Детали
- сабота, 02 ноември 2019
Успешна приказна која својот почеток го зазема во април 2013 година, кога двајцата млади претприемачи го отвараат својот прв ресторан.
Виктор Лугер и Тигран Сејдух ја стекнале својата љубов кон италијанската храна откако 3 месеци шетале низ малите селца на прекрасната Италија.
Денес, групацијата Big Mamma, поседува 9 ресторани низ Европа, 650 вработени, од кои 90 проценти се Италијанци и годишна нето заработка од над 34 милиони евра!
Секој ресторан е уникатен сам по себе, но нешто заедничко е тоа што сите користат состојки кои се 100 проценти домашно спремени.
Нивни добавувачи се 200 мали фирми од Италија.
Овие двајца претприемачи го исполнија сонот на секој угостител: нивните ресторани се полни секој работен ден.
Покрај тоа, тие секој ден се присилени да одбијат голем број на луѓе поради тоа што немаат слободно место.
Всушност, најголемиот број на поплаки по социјалните медиуми доаѓаат поради тоа што луѓето не можат да дојдат до слободна маса.
Ресторанот има своја „политика“, која вели дека не примаат резервации и топло се препорачува да дојдете половина час пред нивното отворање.
Во продолжение уживајте во прекрасните, уникатни амбиенти кои ги поседуваат овие 9 ресторани:
1. Belleza - Лил, Франција
2. East Mamma - Париз, Франција
3. Ober Mamma - Париз, Франција
4. Pink Mamma - Париз, Франција
5. Mamma Primi - Париз, Франција
6. Big Love - Париз, Франција
7. Pizzeria Popolare - Париз, Франција
8. Gloria - Лондон, Велика Британија
9. Circolo Popolare - Лондон, Велика Британија
Мила М. | Црнобело