Свештеник прибира кучиња на неговите миси, со надеж дека некој ќе сака да ги вдоми
- Детали
- четврток, 24 октомври 2019
Бездомните кучиња во Бразил редовно одат во црква за да ги запознаат нивните нови сопственици.
Но, кучињата не одучуваат сами да присуствуваат на мисата.
Отец Жоао Пауло Арауjо Гомес, кој е поглавар во црквата Santana во Гравата, Бразил, го прави најдоброто нешто за уличните кучиња околу неговата црква.
Тој ги „кани“ кучињата да бидат дел од секоја миса, со цел да им помогне да си најдат дом. Вратите на црквата, исто како и срцето на Жоао, засекогаш ќе бидат отворени за уличните кучиња.
За времена секоја неделна миса, отецот ги става кучињата во центарот на вниманието. Тој ги сместува на место каде што сите можат да ги видат – веднаш до олтарот.
Бидејќи овие суштества се дружељубиви, одвреме-навреме бараат отецот да ги погали, а тој никогаш не го одбива тоа.
„Тие секогаш ќе можат да влезат, да спијат, да јадат, да пијат и да најдат засолниште, бидејќи ова е куќата на Бог и тие му припаѓаат на Бог“, напишал отецот на неговиот Facebook профил.
Многу од спасените кучиња се запоставени и имаат потреба од итна помош и нега. Добриот отец не само што им дава храна и засолниште, туку им ја овозможува и потребната медицинска нега.
Ова мало дело прави голема разлика за заборавените кучиња од Гравата.
Благодарение на оваа идеја, бројот на улични кучиња во градот драстично се намалил. Десетици кучиња го нашле својот дом, а дури и отецот вдомил три.
„Им помогнав на неколку кучиња со сериозни здравствени проблеми. Дел од нив однесов во црквата и подоцна беа посвоени. Три останаа со мене. Денес тие ми се како деца и спијат во мојот кревет.“
Доброто дело на отецот не останало незабележано, па целиот Facebook дозна за него. Коментарите што ги добива се само позитивни, а најдоброто од сè е што со оваа постапка, отецот инспирирал многу луѓе.