Зошто децата во рацете на питачите постојано спијат?

Овој текст бил објавен пред неколку месеци. Авторот на текстот не е точно познат, но наводно, она што се зборува во текстот е вистина.

zoshto-decata-vo-racete-na-pitachite-postojano-spijat-01.jpg

Луѓе од Камбоџа и Бангкок што го прочитале текстот, изјавиле дека ова навистина се случува. Истовремено, предложиле на питачите да им давате само вода и храна, а не пари.

Погледнете зошто децата во рацете на питачите постојано спијат:

„Во близина на метро станицата, седи жена чија возраст не ја знам. Нејзината коса е валкана, а нејзината глава навалена во очај.

Жената седи на валканиот под, а до неа има торба. Во таа торба, луѓето фрлаат пари.

Вo рацете на жената има заспано 2-годишно дете. Детето носи валкана облека и валкана капа.

Многу случајни минувачи ќе ѝ дадат пари. Ние сме подготвени да им ја дадеме и последната блуза на несреќните луѓе, последниот денар од нашиот џеб и воопшто не помислуваме на друг проблем. Помагањето ни изгледа како да сме завршиле добра работа.

Минував покрај питачката цел месец. Не ѝ давав пари бидејќи знам дека тоа е организирана измама и дека парите собрани од питачката ќе завршат кај оној што ги контролира питачите во областа.

Овие луѓе имаат неколку луксузни имоти и автомобили. Се разбира, и питачката добива нешто – шише вотка навечер и малку храна.

Еден месец подоцна, додека минував покрај питачката, се шокирав.

Стоев пред пешачкиот, гледајќи во бебето. Како и секогаш, беше облечено во валкана облека. Но, сфатив дека нешто не изгледаше во ред.

Детето секогаш беше заспано. Никогаш не плачеше и не правеше врева. Секогаш спиеше со лицето залепено до жената која е негова МАЈКА.

Дали кој било од вас има деца? Се сеќавате колку спиеле кога имале 1, 2 или 3 години? Еден-два часа, најмногу три. Попладневна дремка, но секогаш има движење.

Цел месец, секој ден одев до метро станицата, а никогаш не го видов ова дете будно!

Погледнав кон малото човече, а потоа кон питачката и мојот сомнеж почна да расте.

„Зошто спие постојано?“, ја прашав, гледајќи во детето.

Питачката се преправаше дека не ме слуша. Го спушти погледот и го скри лицето во нејзината јакна.

Го повторив прашањето.

Жената погледна нагоре. Погледна негде зад мене и тивко ме опцу.

„Зошто е заспан?!“, речиси извикав.

Зад мене, некој ми ја стави раката на рамото. Погледнав назад. Еден стар човек ме гледаше.

„Што сакаш од неа? Нели гледаш колку ѝ е тежок животот?“, ми рече.

Питачката мавна со нејзината рака и го покажа нејзиното лице на понизност и очај.

Мажот ја тргна раката од моето рамо и се симна во метро станицата.

Сигурен сум дека дома ќе кажува како ја одбранил кутрата жена од бездушен човек.

Следниот ден му се јавив на еден пријател. Од Романија е и успеал да заврши само три години образование.

Неговиот недостаток од образование не го спречуваше да се движи низ градот со скапи странски автомобили и да живее во „мала“ куќа со безброј прозорци и тераси.

Од мојот пријател, дознав дека питачката е дел од бизнис. И покрај нејзиниот изглед, јасно е дека ова е организирано. Надгледувано е од организирани криминални кругови.

А, децата што ги носат питачките се „изнајмени“ од семејства на алкохоличари или едноставно, се украдени.

Ми требаше одговор на моето прашање – Зошто бебето секогаш спие? И го добив.

Пријателот ми објасни со смирен глас што ме шокира:

„На хероин се, или вотка.“

„Кој е на хероин или вотка?“, бев изненаден.

„Детето, за да не плаче. Жената ќе седи со него цел ден. Замисли колку лесно ќе му стане здодевно?“, ми одговори.

За бебето да спие цел ден, му дале вотка и дрога. Се разбира, детските тела не се подготвени да се справат со таков шок. И децата често умираат.

Најстрашното нешто е што понекогаш, децата умираат во „работно време“. А, лажната мајка мора да носи мртво дете во нејзините раце до крајот на денот. Тие се правилата.

Минувачите ќе фрлат некој денар во торбата, мислејќи дека прават добро. Дека ѝ помагаат на мајката.

Следниот ден одев во близина на метро станицата. Собрав храброст и бев подготвен за сериозен разговор.

Но, разговорот не се одвиваше како што сакав. Наместо тоа, се случи нешто друго.

Жената седеше на подот, а во нејзините раце имаше друго дете. Ја прашав за документите на детето и уште поважно, каде е детето од вчера.

Таа ме игнорираше.

Но, моите прашања не беа игнорирани од минувачите. Ми велеа дека сум луд што испрашувам питачка со дете. По некое време, ме тргнаа од станицата.

Единственото нешто што ми остана е да викнам полиција. Кога полицијата дојде, питачката и бебето исчезнаа.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg