Поминаа 10 години од „Боже Петра!“ - Како изгледа малото девојче денес?
- Детали
- вторник, 15 октомври 2019
Се сеќавате ли на легендарното „Боже Петра“ видео со двете мали и слатки девојчиња? Ви се верува ли дека поминаа 10 години оттогаш, а и ден-денес уште ги препознаваат?
Наталија Митровиќ и Петра Милошевиќ од Србија се двете девојчиња кои стекнаа огромна популарност по гостувањето во емисијата „Besne gliste“.
Девојчињата кои беа хит во тој период имаа само 4 години, а „стекнаа слава“ откако по изјавата на Петра, Наталија не можеше да поверува дека нејзината другарка би „ја исекла косата и би станала ќелава“, па ја кажа легендарната фраза „Боже Петра“.
Оттогаш, видеото се рашири вирално, а луѓето се сеќаваат на нив и ден-денес. Сега, Наталија и Петра се осмо одделение, а велат дека уште ги препознаваат и двете.
„И ден-денес луѓето во училиште ме прашуваат дали сум јас таа ‘Боже Петра’. Се шегуваат на моја сметка, што сега малку ми пречи, но тогаш го сакав тоа бидејќи мислев дека ќе станам позната.“ – изјавила Петра.
Потсетете се на видеото (фамозната фраза е на 0.36):
Интервјуто со двете девојчиња по 10 години од „Боже Петра“ може да го погледнете тука.
M. M. | Црнобело