Млади активисти кои се борат против климатските промени, а никој не зборува за нив

Во септември целиот свет дозна за 16-годишната Грета Тунберг, која им се обрати на светските лидери на самитот на Обединетите нации.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-01.jpg

Целта на Грета е да ја подигне свеста на луѓето за проблемот со климатските промени, а нејзиното залагање кулминира во неколку протести ширум светот.

Но, Грета не е единствената млада личност која сака да направи некоја промена. Ширум светот постојат многу млади активисти кои се борат против климатските промени, а за кои светот дефинитивно треба да слушне.

Отом Пелтиер

Отом е родена во 2004-та година и живее во северен Онтарио. Таа e позната по нејзиното залагање за чиста вода за пиење, а неретко е нарекувана и „воден воин“.

Со активизмот започнала на 8-годишна возраст, а била инспирирана од нејзината тетка.

Кога присуствувала на една церемонија во Канада, таа забележалa знак кој предупредувал дека водата не е за пиење. Тогаш сфатила дека не сите луѓе во Канада имаат пристап до вода за пиење.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-02.jpg

Мери Копени

Мери е 11-годишна активистка која се бори за децата од Флинт, Мичиген.

Кога имала 8 години, таа и нејзиното семејство добиле забрана да пуштаaт вода во нивниот град, откако настанала криза.

Во овој тежок период, наместо да се чувствува беспомошно, Мери решила да ѝ помогне на заедницата и да се бори за децата во Флинт. Таа дури и му напишала писмо на тогашниот претседател Обама, со цел да привлече внимание кон проблемот во нејзиниот град.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-03.jpg

Шија Бастида

Шија ги има искусено последиците од климатските промени од прва рака.

17-годишната девојка пораснала во суша, а еден обилен дожд го поплавил нејзиниот град, кој се наоѓа во близина на Мексико Сити.

Кога таа и нејзиното семејство се преселиле во Њујорк, пред четири години, Шија дознала за катастрофата што ја предизвикал ураганот Сенди. Бидејќи ѝ станало јасно колку всушност е голем проблемот со климатските промени, таа започнала клуб за зачувување на околината, во нејзиното училиште. Истовремено, им се придружила на неколку групи кои се борат против климатските промени.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-04.jpg

Исра Хирси

Исра е 16-годишна активистка од Минеаполис и е еден од организаторите на глобалниот штрајк за климатските промени.

Додека била во основно, Исра се фокусирала на движењето Black Lives Matter. Подоцна, на 12-годишна возраст, таа помогнала во затворањето на Mall of America, додека барала правда за убиството на Џамар Кларк, 24-годишната жена која била убиена од полицајци.

Дури во средно сфатила дека и климатските промени се доста сериозен проблем, па почнала да работи во таа насока.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-05.jpg

Леа Намугерва

Леа е 14-годишна активистка од Уганда која ѝ се придружила на Грета – секој петок таа штрајкува, со цел да се преземе нешто во врска со климатските промени, загадувањето со пластика и сличните проблеми.

Леа прв пат слушнала за Грета во 2018-та година, а кога сфатила дека се на речиси иста возраст, помислила дека и таа може да го прави истото.

Според неа, во Уганда се случуваат многу проблеми со околината, но медиумите ретко го покриваат тоа. Таа смета дека повеќето луѓе не се грижат за околината, возрасните не сакаат да понудат помош, па решила самата да волонтира.

mladi-aktivisti-za-klimatskite-promeni-za-koi-ne-zboruva-rechisi-nikoj-06.jpg

Спирова С. | Црнбело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg