Најчудните нешта што можете да ги видете на Google Earth
Гробница за авиони
Воздушната база Davis Monthan во Аризона, САД е местото каде што „почиваат“ воените авиони. Оваа гробница е затворена за јавноста, но благодарение на интернетот, можете да погледнете што се случува внатре. Овде можете да го видите речиси секој авион кој летал од Втората светска војна.
Најголемиот збор на светот
Хамад бин Гамдан ал Најхан е шеик милијардер и член на владејачкото семејство на Абу Даби. Тој решил да го издлаби неговото име на еден остров, и тоа во огромни димензии. Па, сега можете да го видите неговото име и од вселената.
Бункер на вонземјани?
Во пустината во Њу Мексико се наоѓаат два огромни кругови. Авторот Џон Свини тврдел дека тврдел дека на местото се наоѓа скриен бункер што ѝ припаѓа на Црквата на скиентолозите. Скиентологијата е религија која нуди целосно откривање и разбирање на духовната природа на човекот и неговите врски со него, со семејството и другите.
Наводно, овие симболи им помагале на скиентолозите да се вратат на Земјата откако ја напуштиле нивната уништена планета. Се разбира, засега симболите се мистерија.
Изгубениот град Ирисагриг
Барем еднаш изгледа дека навистина ќе се открие изгубен град со помош на сателитски снимки. Ширум светот се имаат појавено многу мистериозни плочи кои спомнуваат изгубен град по име Ирисагриг.
Проблемот е што археолозите немаат поим каде е овој град, па сателитските снимки им се најдоброто откритие досега. Професорот Мануел Молина забележал нешто во близина на Афак, Ирак, но изгледа како местото да е ограбено.
Круг во Невада
Околу Невада има секакви теории на заговор, па кога некој ќе пронајде огромен круг сред пустината, сигурно ќе се замислите. Оваа бизарна ѕвезда со шест краци се наоѓа во јужниот дел на пустината и до сега нема никакво објаснување за неа.
Спирова С. | Црнобело