Најчудните нешта што можете да ги видете на Google Earth

Google Earth е навистина интересна алатка што ви овозможува да го прошетате светот од удобноста на вашиот дом. И додека повеќето сателитски снимки што можете да ги најдете се здодевни, одвреме-навреме се појавува нешто што привлекува многу внимание.

najchudnite-neshta-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-earth-01.jpg

Од чудни кругови и изгубени градови, па сè до гробница за авиони, погледнете некои од најчудните работи што биле пронајдени на Google Earth:

Мистериозна пирамида

На оваа снимка се наоѓа аномалија за која многумина веруваат дека е неоткриена пирамида. Изминативе 5 години биле откриени дузина вакви аномалии ширум Египет. Сепак, сè уште постои дебата за тоа дали навистина се археолошки пронајдоци или само дело на природата.

najchudnite-neshta-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-earth-02.jpg

Фантомски остров

Во 2012-та година, група истражувачи од Австралија открила остров со големина на Менхетен во јужниот дел на Тихи Океан. Мистериозно место е наречено остров Сенди и се има појавувано на многу мапи.

Во ноември 2012-та година научниците се упатиле кон островот, но изјавиле дека наместо копно, наишле на отворено море. Во 2013-та година истражувачите објасниле дека островот се наоѓал на некои мапи поради човечка грешка.

najchudnite-neshta-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-earth-03.jg.jpg

Загадочен пентаграм

Во изолирана област во Казахстан се наоѓа огромен пентаграм со дијаметар од 366 метри. Пентаграмот е издлабен во земјата и на Google Maps се гледа навистина добро.

Многу интернет корисници го поврзале местото со сатанистички ритуали и разни религиски секти. Но, излегло дека пентаграмот е остаток од парк кој бил направен во форма на ѕвезда.

najchudnite-neshta-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-earth-04.jpg

Крваво езеро

Во Ирак, веднаш до градот Садр, се наоѓа езеро со крваво-црвена боја. Засега нема официјално објаснување за тоа што ја предизвикало бојата на езерото.

najchudnite-neshta-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-earth-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
„Сопругот ми купи приватен остров од 50 милиони долари, за да можам да носам бикини“ „Можел да ти изгради и базен во дворот“ – стои во некои од зајадливите коментари...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg