Инстаграм мајките прославуваат „прв ден слобода“ на првиот школски ден на децата (фото)
- Детали
- вторник, 20 август 2019
Можеби сите уживаме во летото, но родителите ретко кога имаат можност за тоа. Без разлика дали бараат дадилка, организираат одмори или само остануваат дома со децата, летниот распуст може да биде вистински предизвик за родителите.
Всушност, на родителите толку им е тешко целата летна сезона, што сега почнаа да го прославуваат првиот школски ден како „Прв ден слобода“.
На Instagram се појави тренд каде што изморените мајки споделуваат како го минуваат почетокот на учебната година.
Интересното е што за да ја обележат приликата, многу мајки се фотографираат со табла на која се наоѓаат секакви информации за нив - од нивната возраст и идеална тежина, до нивните омилени активности, како седење во тишина и одење во тоалетот сам.
Покрај овие, другите мајки едноставно споделуваат фотографии нa кои се среќни што ги испраќаат нивните деца на училиште. Некои од нив решиле дa се почестат и со чаша шампањ, додека други уживаат покрај некој базен.
Многу од овие мајки изјавиле дека разделбата со нивните најмили не им е лесна, но паузата и одморот им се дефинитивно заслужени:
https://www.instagram.com/p/B1JPjCjgdRN/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BmlROYgnmIt/?utm_source=ig_embed
Спирова С. | Црнобело