„Бев сурогат мајка за родители кои побараа од мене да абортирам - Го родив бебето против нивна волја“

Што прават сурогат мајките кога родителите среде бременост ќе им кажат дека се премислиле и не сакаат да добијат дете? Оваа мајка одлучила дека нема да абортира иако родителите го барале тоа од неа. А, и целата приказна сепак има среќен крај.

bev-surogat-majka-za-roditeli-koi-pobaraa-od-mene-da-abortiram-go-iznosiv-bebeto-protiv-nivna-volja-01.jpg

Хедир е ТикТок корисничка која на својот профил редовно споделува видеа за животот како самохрана и сурогат мајка, која им помогнала на два пара родители да добијат дете, но нејзината приказна за едно од сурогат бебињата што ги родила е речиси неверојатна.

Таа раскажува како пет години се обидувала да стане сурогат мајка и во 2019-та година конечно успеала да потпише договор со агенција. Како што вели, обожава што е родител и сакала да им помогне на други парови што се борат за потомство.

bev-surogat-majka-za-roditeli-koi-pobaraa-od-mene-da-abortiram-go-iznosiv-bebeto-protiv-nivna-volja-02.jpg

Хедер раскажува дека тешко успевала да најде пар затоа што таа сама имала цврсти ставови за тоа кога и во какви услови може да ја прекине бременоста.

„Јас лично не верувам дека бременоста треба да се прекине, освен ако не постои нешто што би можело да го наруши квалитетот на живот на бебето“ – вели таа.

bev-surogat-majka-za-roditeli-koi-pobaraa-od-mene-da-abortiram-go-iznosiv-bebeto-protiv-nivna-volja-03.jpg

Така, Хедир била пресреќна кога нашла пар католици на кои требало да им роди бебе. Единствениот проблем бил што парот постојано нагласувал дека сака да добие близнаци: момче и девојче.

Но, во февруари 2020-та година, откако останала бремена, на првиот ехо-преглед дознале дека таа е бремена само со едно бебе, но дека станува збор за здрава и успешна бременост.

Додека родителите сѐ уште се опоравувале од разочарувањето дека само еден ембрион успеал успешно да се развие, истовремено избувнала ковид пандемијата и Хедер добила неочекувано писмо од нив.

„Во основа, тие ми напишаа: ‘Хедер, жал ни е, но, знаеш, ситуацијата со вирусот е многу лоша и сметаме дека е најдобро да абортираш.

Би сакале да се обидеме повторно кога ќе заврши пандемијата и би сакале пак да соработуваме со тебе’“ – раскажува таа.

bev-surogat-majka-za-roditeli-koi-pobaraa-od-mene-da-abortiram-go-iznosiv-bebeto-protiv-nivna-volja-04.jpg

Хедер почнала да плаче и веднаш одлучила да се јави на нејзиниот адвокат за да се осигура дали задолжително мора да абортира на барање на родителите, но кога дознала дека не мора, таа одлучила против нивна волја да го износи бебето до крај.

Нагласува дека работите можеле да се влошат ако добиела ковид, но за среќа успеала да го избегне вирусот и да роди здраво бебе.

На крај, родителите сепак одлучиле да дојдат денот кога Хедер се породувала и да го земат својот син.

„Тие постојано го носеа бебето во мојата соба. Ме носеа со количка во нивната соба да го видам бебето. Имав можност да го држам и да се фотогарфирам со него.

На крај ми се заблагодарија за сѐ што направив за да го зачувам безбедно нивното дете“ – раскажува Хедер.

bev-surogat-majka-za-roditeli-koi-pobaraa-od-mene-da-abortiram-go-iznosiv-bebeto-protiv-nivna-volja-05.jpg

„Мајката беше пресреќна и плачеше. И тоа го сакав. Не можете некого сосила да натерате да сака бебе и за време на целата бременост бев уплашена. Кога ги видов на крај знаев дека се среќни“ – додава Хедер.

Погледнете го видеото од Хедер:

@heathyrwithay

Part 1/3, reposting so my views count. 😢 thank you for liking, sharing and commenting!! ❤️ #surrogacytiktok #surrogacyprocess #surrogacynightmare #singlemom

♬ original sound - Heathyr

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg