Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно
- Детали
- недела, 28 декември 2008
Некогаш најславната двојка во Холивуд Џенифер Анистон и Бред Пит, овој викенд повторно се најде заедно, но за жал не во прегратки туку на самиот врв..
...на Box Office.
Како и секој Божиќ, така и овој, во САД имаше голема битка за првото место односно битка за најгледан филм на денот на Божиќ.
Од сите филмови, најжестоко беше помеѓу комедијата на Џенифер Анистон (Марли и јас) и драмата на Бред Пит (Чудниот случај на Бенџамин Батон).
Во секој случај нема повредени страни бидејќи и двата филма направија одлична заработка.
Марли и јас направи нов рекорд на Box Office, заработувајќи 14.75 милиони долари за еден ден. Со тоа беше срушен рекордот на Али Џи од 2001 година со 10.2 милиони долари.
Би можело да ве интересира:





