Жена на 52 години ослабела 23kg - На 54 е посекси и посамоуверена од кога било
- Детали
- вторник, 01 април 2025
Денис Киртли (54) од САД за две години, од залежана жена со прекумерна тежина и флегматичен начин на живот, успеала да ослабне 23 килограми и дури и да стане натпреварувач во бодибилдинг на 52-годишна возраст.
Денис Киртли (54) од САД поминала децении со телесна форма од која не бил задоволна, сè додека еден ден не одлучила дека е време да почне да вежба и да ослабе.
Ова искуство ја научило дека работата на менталниот став и знаењето се клучни за успешни, животно-преобразувачки трансформации и таа денес им е инспирација на многумина.
Искуството од сопствената фитнес трансформација ја пренесува и на другите.
За малку повеќе од две години, од залежана жена со прекумерна тежина и флегматичен начин на живот, успеала да ослабне 23 килограми и да стане натпреварувач во бодибилдинг на 52-годишна возраст.
Преку своето фитнес патување, Денис не само што повторно се пронашла себеси, туку ја открила и својата животна цел: Да помогне во менувањето на гледиштата за опаѓање на потенцијалот во средовечните години, водејќи ги жените кон остварување на нивниот целосен потенцијал преку трансформација.
Таа порачува: „Не 50-тите не се новите 30-ти, 50-тите се 50-ти само редефинирани“.
Кликнете на видеото:
Ја основала платформата „Rebellion Body“ со цел да ги едуцира и оспособи жените да станат најдобрата верзија од себеси и да создадат начин на живот што ќе поддржува живеење со полн капацитет и виталност во текот на стареењето.
Таа постојано гостува и се појавува во светските магазини да зборува на оваа тема, а на Инстаграм има повеќе од 522.000 следбеници.
Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





