И во Македонија измамници се јавуваат на постари лица и ги лажат дека детето им имало сообраќајка - Бабичка во Италија им одржа лекција

Во Италија, слично како што се случува и во Македонија, жена примила телефонски повик од маж кој лажно се претставил како полициски службеник. Тој ѝ рекол дека нејзиниот син предизвикал сериозна сообраќајна несреќа и дека мора да плати отштета во готовина. Но, таа го надмудрила – секоја чест!

i-vo-makedonija-izmamnici-se-javuvaat-na-postari-lica-i-gi-lazhat-deka-deteto-im-imalo-soobrakjajka-babichka-vo-italija-im-odrzha-lekcija-01.jpg

Во време кога измамници се насочуваат кон постари жртви и им се јавуваат на телефон ветувајќи лажни добивки, продавајќи измамнички или непостоечки производи или лажно тврдејќи дека роднина е во неволја, измама која интензивно се случува во Македонија во последните години... Една 80-годишна жена од Катанија, на источниот брег на Сицилија, ги надмудрила измамниците и ги одвела директно кај полицијата.

Оваа бабичка треба да биде инспирација како треба да се постапува во вакви ситуации. Секоја чест!

Веста е објавена на occrp.org ​(Organized Crime and Corruption Reporting Project), што е глобална мрежа на истражувачки новинари основана во 2006 и специјализирана во откривање на организиран криминал и корупција, објавувајќи приказни преку локални медиуми и на својата веб-страница.

Жената примила телефонски повик од маж кој лажно се претставил како полициски службеник. Тој ѝ рекол дека нејзиниот син предизвикал сериозна сообраќајна несреќа и дека мора да плати отштета во готовина и накит за да го спаси од затвор.

i-vo-makedonija-izmamnici-se-javuvaat-na-postari-lica-i-gi-lazhat-deka-deteto-im-imalo-soobrakjajka-babichka-vo-italija-im-odrzha-lekcija-04_copy.jpg

Наместо да се испаничи, таа смирено се преправала дека се согласува, додека тајно ѝ пратила порака на ќерка ѝ преку апликација за пораки, замолувајќи ја да ја извести полицијата.

Полицајци веднаш се упатиле кон нејзиниот дом и фатиле еден од осомничените, курир кој дошол по парите, токму кога ѕвонел на вратата.

Тој бил уапсен на лице место, соопшти полицијата.

Додека сè уште бил на телефон со жената и не знаел дека неговиот соучесник е уапсен, измамникот испратил друг курир да ги земе парите.

Полицијата, која сè уште била присутна во домот, го уапсила и вториот осомничен.

i-vo-makedonija-izmamnici-se-javuvaat-na-postari-lica-i-gi-lazhat-deka-deteto-im-imalo-soobrakjajka-babichka-vo-italija-im-odrzha-lekcija-05.jpg

Истрагата подоцна открила криминална организација специјализирана за измами насочени кон постари лица.

Полицијата изјави дека водачот на групата гo земал поголемиот дел од профитот, додека куририте, лицата задолжени за собирање на парите, добивале околу 25% од добивката.

Жената го припишала своето брзо реагирање на советите добиени од кампањата на Полициската управа во Катанија против измами насочени кон постари лица, соопшти италијанската полиција.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Македонија, Бангладеш: Фото-докази дека во светот владее урбан хаос Кога се гради неплански и прекумерно, резултатот е вистински хаос... Се согласув...
Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале... Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како ние деновиве. Во ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
Еруптираше вулкан на Бали - исфрли пепел во висина од 8km, повредено е едно лице и откажани се летов... Истиот овој вулкан еруптираше и минатата година, кога ги облеа околните села со ...
Жена од Бразил станала полицајка за да го фати убиецот на татко ѝ – го уапсила 25 години по убиствот... 36-годишна полицајка од Бразил го посветила целиот живот на барањето на убиецот ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg