Колку се луѓето посреќни, толку поедноставно се облекуваат
- Детали
- недела, 26 мај 2019
Ние Македонците важиме за прилично дотеран народ. Но, овогодишниот извештај на Обединетите нации кој се однесува на индексот на среќа во државите низ светот несомнено ве тера да донесете заклучок: Колку луѓето се посреќни, толку поедноставно се облекуваат.
Дали ова значи дека Македонците се многу дотерани и прилично несреќни луѓе?
Од 2011 година се спроведува истражувањето поврзани со нивото на среќа кај луѓето низ светот, а листата од 2019 година изгледа вака:
- 1. Финска
- 2. Норвешка
- 3. Данска
- 4. Исланд
- 5. Швајцарија
- 6. Холандија
- 7. Канада
- 8. Нов Зеланд
- 9. Шведска
- 10. Австралија
Научниците создадоа и развија нови технологии и мерки со чија помош може објективно да ја проценат благосостојбата во државите, како и нивната субјективна проценка за тоа колку е добар квалитетот на нивниот живот.
Впрочем, листата на овие 10 држави ретко се менува, единствено може да постои промена во редоследот.
Дали може да претпоставите што ги обединува овие 10 најсреќни земји во светот? Покрај високиот животен и високите општествени стандарди, нив воедно ги обединува практично индиферентниот однос кон облеката, односно модата.
Земјите во кои секоја втора студентка изгледа како вистинска модна икона се наоѓаат многу подолу на листата на среќа.
Франција e на 23 место, Шпанија на 36, а Италија каде што секое мало дете може да ви одржи лекција од модната писта е дури на 47 место! Цели 46 држави живеат посреќен живот од Италијанците и покрај фактот што тие најдобро знаат како најдобро треба да ви бидат подвратени панталоните.
Што се случува во најсреќните земји на светот? Таму никој не се грижи колку милиметри треба да ви се подвратени панталоните според модните библии како Vogue. Луѓето најчесто носат облека во којашто се чувствуваат пријатно и удобно, ослободени од товарот дали истата е во тренд или не.
Фармерки, маици, патики, дуксери или обични панталони. Тоа е нивниот избор за секојдневно облекување. Ништо претерано, премодерно, пренакитено и впечатливо.
„Ама дали изгледаат на жени?“ е прашањето кое најчесто го поставуваат оние кои се видно потресени за нешто толку тривијално како секојдневното облекување.
Но, парадоксот е што Финска е најсреќната земја во светот, а нивните жени генерално не се чувствуваат унесреќени само затоа што не носат тесни припиени здолништа, високи потпетици и лице фасадирано со шминка.
Мажите во овие земји исто така не се чувствуваат помалку среќни, само затоа што нивните жени не изгледаат како експонати од некоја модна изложба 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Тука се наметнува очигледното прашање: Можеби за среќа не е неопходно слепо да се следат модните трендови и внимателно, со часови да се бира сукња или фустан кој совршено ќе ви ја покаже топ фигурата? Можеби одговорот се крие во едноставната облека?
Дали може човек да биде среќен во обични алишта?
Можеби, само можеби, кога човекот се чувствува среќно, сигурно и спокојно, не чувствува потреба секојдневно да го демонстрира својот (најчесто имагинарен) статус во општеството преку парчињата облека кои ги носи на себе.
Толку ли е тешко да се поверува дека човекот облечен во обични стари фармерки, маица и дуксер ужива во животот и е среќен без брендирани и скапи парчиња облека, накитен од глава до петици со модни додатоци за кои му биле потребни 2 часа за да ги избере и вклопи во комбинацијата?
(О)Милена | Црнобело