„Те сакам, сега умри“ - најстрашното злосторство годинава доби и документарец
- Детали
- четврток, 25 април 2019
Младата Мишел Картер која е осудена на 15 месеци затвор откако преку пораки и телефонски разговори охрабри момче да се самоубие, стана инспирација и за документарен филм.
Новиот документарен филм „I Love You, Now Die“ е посветен на комплексноста на самоубиството и дава осврт на страшното криминално дело што го потресе светот.
Станува збор за приказната на Мишел Картер и Конрад Рој, кои се вљубиле во 2012 година. Две години подоцна тој си го одзел животот и ситуацијата изгледала како лично негова одлука и самоубиство.
Но, полицијата откри размена на пораки помеѓу Конрад и Мишел во кои Мишел го охрабрувала Рој да го изведе самоубиството, кога тој ѝ се доверувал дека е исплашен.
Во јуни 2017 Мишел беше осудена за „убиство без умисла“ (involuntary manslaughter), што ги збуни луѓето ширум светот и постави важно прашање за оваа модерна морална дилема – ако некој охрабрува некого да изврши самоубиство преку СМС пораки иако е оддалечен со километри, дали тој ќе биде одговорен за тоа што ќе се случи следно?
Судијата одлучи „ДА“ и на Мишел ѝ пресуди казна од 15 месеци во затвор, која започна да ја служи во февруари 2019 година.
Сега, овој случај се обработува во документарниот филм „I Love You, Now Die: The Commonwealth v. Michelle Carter“.
Инаку, парот иако се сретнал само неколку пати, разменил преку 60.000 пораки и многу телефонски разговори. Случајот покажува колку може да биде интензивна врската помеѓу тинејџери, дури и кога нема многу контакт лице во лице.
Исто така, е предупредување колку можете да имате влијание преку СМС пораки и дека од тоа може да има сериозни последици.
Конрад Рој се самоуби во неговиот автомобил на 18-годишна возраст во јули 2014. Тоа се случи откако Мишел преку пораки го охрабрила да го направи тоа.
Тој се премислувал, но таа го прашувала „Зарем уште не го направи“?
Имале и телефонски повик од 47 минути, кога наводно Рој излегол од автомобилот, но Мишел го убедила да се врати.
Инаку, Мишел физички многу потсетува на супермоделот Кара Делевињ, па тоа дополнително придонесе за публицитет на случајот, сметаат режисерите на документарниот филм кој реално го прикажува овој трагичен настан.
Прочитајте и Мајка, што го штитела синот во сообраќајна незгода, се разбуди по 27 години кома!
Најава за документарниот филм:
С. С. | Црнобело