Мајка, што го штитела синот во сообраќајна незгода, се разбуди по 27 години кома

Кога имала 32 години таа го обвила своето тело околу 4-годишниот син за да го заштити. 27 години подоцна оваа пожртвувана мајка се разбудила од кома и го изговорила неговото име.

majka-shto-go-shtitela-sinot-vo-soobrakjajna-nezgoda-se-razbudi-po-27-godini-koma-01.jpg

Мунира Абдула од Обединетите Арапски Емирати имала сообраќајна незгода во 1991 година. Таа се разбудила по 27 години во вегетативна состојба.

Имала 32 години кога добила сериозна повреда на мозокот откако автомобилот во кој се возела бил удрен од автобус.

Но, минатата година по рехабилитација во Германија почнала да испушта звуци за да го довикне својот син Омар кој го слушнала како се кара со медицинскиот персонал.

majka-shto-go-shtitela-sinot-vo-soobrakjajna-nezgoda-se-razbudi-po-27-godini-koma-02.jpg

Малку подоцна таа убаво го изговорила неговото име за првпат по децении, а сега веќе може да разговара со своите блиски.

Синот на Мунира за медиумите откри дека сообраќајната незгода се случила кога тој имал само 4 години и таа го земала од градинка. Роднина ја одвел Мунира до училиштето, а на враќање доживеале сообраќајна незгода.

Мунира и Омар седеле на задното седиште и таа го обвила синот со своето тело за да го заштити од ударот. Како резултат на тоа таа имала сериозни повреди, а тој минал само со гребнатини.

Потоа со часови не успеале да добијат помош, а откако Мунира била префрлена на клиника во Лондон било прогласено дека е во вегетативна состојба и може да чувствува само болка.

Била вратена во Обединетите Арапски Емирати хранета вештачки и приврзана на апарати.

Но, во април 2017 година од принцот на Абу Даби добиле помош за третман во Германија со операција и една година потоа таа се освестила.

majka-shto-go-shtitela-sinot-vo-soobrakjajna-nezgoda-se-razbudi-po-27-godini-koma-04.jpg

majka-shto-go-shtitela-sinot-vo-soobrakjajna-nezgoda-se-razbudi-po-27-godini-koma-03.jpg

„Тоа беше таа. Ме викаше по име. Летав од радост. Со години сонував за овој миг и првиот збор што го кажа беше моето име“, изјави пресреќниот Омар.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg