24-годишна девојка доби бебе со својот 69-годишен маж, со чиј син одела во училиште
- Детали
- четврток, 18 април 2019
Парот отворено вели дека сексуалниот живот е најдобрата работа во нивната врска, а Дон открива дека отсекогаш се чувствувал помладо од своите врсници.
Стефани Волпер (24) се омажи за маж кој е 45 години постар од неа и чиј син одел во училиште со неа.
Таа го запознала 69-годишниот Дон Волпер во нејзиниот омилен паб во Канада пред 4 години.
Кога за првпат разговарале Стефани и Дон сфатиле дека Дон всушност е татко на некогашен нејзин соученик. Стефани всушност одела во училиште со синот на Дон од првиот брак.
Иако родителите на Стефани се бунеле за врската, тие ја прифатиле откако Стефани и Дон минатата година добиле бебе.
Стефани вели дека луѓето ѝ упатуваат навреди дека е со Дон поради парите, но таа им кажува дека станува збор за вистинска љубов.