„Таа не е со мене поради парите“ - 67-годишен маж се ожени за 30-годишна девојка
- Детали
- вторник, 02 април 2019
По лошиот развод Стив си ветил дека нема да се жени повторно, но љубовта кон 37 години помладата Емили го премислила.
Личниот тренер Емили Черман (30) од Австралија се омажи за 37 години постариот Стив Зиелински.
Тој е татко на 2 деца и по лошиот развод што го доживеал си ветил дека нема да се жени повторно, но љубовта кон Емили го натерала да се премисли на 67-годишна возраст.
Парот се запознал пред 8 години, кога Емили имала само 22 години.
„Кога се запознавме имав речиси 60 години. Мислев дека таа нема да биде заинтересирана за мене, но станавме пријатели и изградивме врска. Таа не е поради пари со мене затоа што по разводот си ја научив лекцијата и сега се консултирам со адвокати пред каков било чекор и заштитен сум.
Луѓето ме прашуваат што ќе правиме во иднина кога јас ќе имам 77 години, а таа само 40, но им велам дека ќе се снајдеме, исто како и сега“, изјави Стив.
Како изгледа неговата избраничка:
С. С. | Црнобело