Опасен вирус кружи низ Фејсбук!
- Детали
- петок, 05 декември 2008
120те милиони корисници на Фејсбук се цел на нов вирус наречен “Koobface”, кој го користи системот за пораки на оваа мрежа за да ги инфицира...
...компјутерите, а потоа краде чувствителни информации како што се кредитните картички.
Овој вирус се шири на тој начин што праќа пораки од компјутер којшто е веќе инфициран. Пораките со наслов како "You look just awesome in this new movie" ги пренасочува примачите на веб сајт кој бара од нив да превземат нова верзија на of Adobe Systems Inc's Flash player.
Доколку корисниците го превземат овој софтвер, нивниот компјутер се инфицира и секогаш кога тие ќе пребаруваат на Гугл или Јаху ќе бидат пренасочени на заразени сајтови.
Бидете внимателни што отворате и праќате бидејќи ваквите вируси знаат да бидат многу опасни.