Емотивна исповед на мајка: „Како да им објаснам на децата дека немам пари за подароци како од Инстаграм?“

„Работите што ги гледате на социјалните мрежи создаваат притисок врз луѓето и си помислувате: ‘Да, можам и јас да го направам тоа за моите деца’. Никој не покажува колку е тешко“ – вели млада мајка од Англија која доби поддршка од голем број родители кои тврдат дека празниците создаваат огромни финансиски трошоци, што тие сами едвај успеваат да ги подмират.

majka-so-solzi-vo-ochite-ne-znam-kako-da-im-objasnam-na-decata-deka-nemam-pari-za-podaroci-kako-od-instagram-01.jpg

Божиќните и новогодишните празници се најубавиот период од годината, но мора да се признае дека за некои луѓе претставуваат вистински кошмар затоа што купувањето подароци и подготвувањето храна може да претставува огромен товар врз семејниот буџет.

Даниеле (32) е мајка од Англија, која на социјалните мрежи објави видео во кое со солзи во очите раскажува како се чувствува виновна затоа што не е во можност на своите деца да им обезбеди подароци како голем број други родители.

majka-so-solzi-vo-ochite-ne-znam-kako-da-im-objasnam-na-decata-deka-nemam-pari-za-podaroci-kako-od-instagram-05.jpg

Таа раскажува како заминала во познат маркет во Англија за да купи основни работи за домот и подароци за децата, но кога стигнала на каса – следувал шок, нејзината картичка била одбиена.

„Одлучив да проверам што се случува со мојата сметка и сфатив дека веќе немам пари, затоа што банката повлекла пари за хипотеката, а компанијата за електродистрибуција предвреме ми ја наплатила сметката“ – вели таа.

majka-so-solzi-vo-ochite-ne-znam-kako-da-im-objasnam-na-decata-deka-nemam-pari-za-podaroci-kako-od-instagram-02.jpg

Даниеле вели дека со големото зголемување на цените, таа и нејзиниот партнер во моментов се во можност само да ги платат долговите и им остануваат многу малку пари за живот.

„Ги гледате сите оние видеа на социјалните мрежи, како родителите им даваат на децата прекрасни кутии со подароци и одат да се сликаат со Дедо Мраз и сакам и јас да го направам тоа, но кога ќе дојдат сметките, сфаќам дека немам пари за ништо“ – вели таа.

majka-so-solzi-vo-ochite-ne-znam-kako-da-im-objasnam-na-decata-deka-nemam-pari-za-podaroci-kako-od-instagram-03.jpg

„Работите што ги гледате на социјалните мрежи создаваат притисок врз луѓето и си помислувате: ‘Да, можам и јас да го направам тоа за моите деца’.

Никој не покажува колку е тешко и дека родителите се чувствуваат виновни кога сакаат на своите деца да им дадат скапи подароци, а не можат. Кога децата ќе ти речат: ‘Моите пријатели беа да го видат Дедо Мраз и правеле ова или она’, како да им објасните дека вие не можете да си го дозволите тоа?“

Даниеле доби голема поддршка од повеќе родители кои исто така признаа дека се соочуваат со слична ситуација и дека ретко кој зборува за финансискиот притисок што го трпат родителите за време на празниците.

Други, пак, се понудија да ѝ помогнат и да ги купат подароците што сака да им ги даде на децата.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@danielle_socials/video/7308697131768941857

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg