Напуштените куќи во Јапонија се даваат гратис
- Детали
- петок, 07 декември 2018
Дали ви е здодеано од размислување за станбеното прашање или пак од кредитот за стан, кој го исплаќате со децении?
По оваа вест, можеби ќе посакате да се преселите во Јапонија.
Низ населените места во оваа држава има околу 8 милиони напуштени домови, според извештајот на јапонската влада од 2013 година.
Ненаселените имоти се заведени во онлајн датотеките познати како „akiya banks“, каде може да најдете илјадници и илјадници домови кои може да ги добиете за сосема мал надоместок или гратис.
Тоа е случува поради огромната понуда, а премалата побарувачка. Најголемиот фактор за тоа е популацијата што старее, односно драстично намалениот наталитет.
Луѓето се селат во домови за пензионери или починуваат предвреме, па нивните домови остануваат празни. Еден од 4 луѓе во Јапонија има 65 години или е постар и состојбата само ќе се влошува.
Друг фактор се предрасудите околу домовите во кои се случиле самоубиства, „осаменичка“ смрт или убиства и кои никој не сака да ги купи.
С. С. | Црнобело