Косата ѝ е долга речиси два метри и не ја измила скоро 20 години (фото)
- Детали
- вторник, 13 ноември 2018
Вели дека мирисите кои се впиваат во нејзината коса ѝ се драги затоа што ја потсетуваат каде била и со кого била.
Френки Клуни (32) е „Рапунзел“ од реалноста. Таа престанала да ја мие косата кога имала само 13 години, затоа што го мразела миењето, а престанала да ја потстрижува на 18 години.
Вели дека одржувањето на нејзината коса ѝ е многу лесно, а единствен проблем е чешлањето кое трае половина час за да успее да ги отплетка сите делови.
Уште како мало девојче Френки сонувала да има долга коса како принцезите од бајките, во книги кои ѝ ги читале родителите.
Косата ѝ е долга околу 1.80 метри.
Запознајте ја „Рапунзел“ од реалноста:
С. С. | Црнобело