По битката со ќелавоста Анастасиа Сидорова се претвори во руската „Рапунзел“ (фото)
Прекрасната Анастасиа Сидорова докажува дека со љубов, труд и посветеност сè е возможно.
Анастасиа Сидорова, која со право го носи прекарот руската „Рапунзел“ („Златокоса“), им порачува на девојките дека е возможно да ја имаат косата од соништата, дури и кога докторите ја даваат дијагнозата ќелавост.
Нејзината битка започнала кога на 18 години започнала да ја губи косата и ѝ била дијагностицирана андрогенетска алопеција. Овој вид на губење на косата се јавува многу често кај мажите, но може да се јави и кај жените.
На почетокот забележуваме повлекување на фронталната линија која што обично води кон ослабување на горниот и предниот дел на скалпот, а во некои случаи дури и кај круната. Таа настанува како резултат на долготрајното влијание на андрогени хормони кај лицата со генетска предиспозиција за губење на косата.
Но, убавата Русинка не се откажала и 5 години подоцна таа има плетенка по која многу девојки воздивнуваат, договор со светски куќи за козметички препарати за коса и над 350.000 следбеници на Инстаграм.
Болеста ја насочила Анастасиа комплетно да се посвети на грижата за косата и на сите жени кои сонуваат за плетенка како нејзината им порачува:
- Откажете се од диетите и имајте балансирана исхрана.
- Избегнувајте стресни ситуации.
- Користете маски за потхранување на косата најмалку 2 пати во седмицата.
- Нанесувајте различни масла на косата. Најдобро е од авокадо.
- Редовно потстрижувајте ги испуканите врвови.
- По миењето косата треба да се суши сама (барем 60%), а потоа можете да употребите фен и четка.
- Ако губењето на косата ја надмине нормалната граница (50-100 влакна на ден) контактирајте професионалец.
Упорната руска убавица дефинитивно восхитува со посветеноста, а крајниот резултат е магичен:
С. С. | Црнобело