Снајди се за совршена фотка - Која е жената што позира со туѓ прстен на запросувањето?
- Детали
- понеделник, 05 ноември 2018
Оваа вирална фотка доби над 660.000 лајкови и повеќе од 158.00 ретвитови на Твитер. Причината поради тоа? Џена, братучетката која се нашла во вистинскиот момент, на вистинското место и ѝ ја „позајмила“ својата рака на нејзината братучетка која ја запросиле.
На првата фотка ги гледаме среќните младенци, додека на втората Џена која е од Мелбурн, Австралија, позира со прстенот на идната невеста на својата рака. Таа појаснува дека нејзината братучетка била запросена од страна на момчето, но нејзините нокти не биле средени.
Многу од корисниците потврдиле дека не забележале ништо невообичаено на првата фотографија и ѝ честитале на Џена за снаодливоста.
„Ти си навистина добра братучетка…“, „Не сите херои носат наметки“ се само дел од коментарите на луѓето.
„Маж ми ми предложи да се почестам со маникир ноќта пред да ме запроси. Требаше да знам дека нешто се подготвува“, шеговито допишала друга жена.
(О)Милена | Црнобело