Ако возите велосипед во Болоња добивате гратис пиво, сладолед и билети за кино
- Детали
- петок, 02 ноември 2018
Македонците дишат најзагаден воздух во Европа, но свеста е на најниско можно ниво, па дури и да се загушиме од автомобилите НЕМА да излеземе. Можеби е време за креативен потег како во Болоња!
Во Болоња покрената е акција за луѓето да се инспирираат да ги остават автомобилите и да возат велосипеди, со тоа што велосипедистите добиваат гратис пиво, сладолед и билети за кино.
Во италијанскиот град со 388.000 жители програмата „Bella Mossa“ (добра работа) е лансирана од 2017 година. Покрај велосипедистите наградени се и пешаците и оние кои користат јавен превоз.
Поени добивате за секое патување, на начин кој не ја загадува околината, преку апликацијата Better Points, кои потоа може да ги замените за нешто од горенаведеното.
Целта на апликацијата е да се намали загадувањето на воздухот и светот да биде позелен. За поголема свесност оваа апликација прикажува и колку јаглерод диоксид оди во атмосферата.
Во акцијата во Болоња се вклучиле и 100 компании и во градот има сè повеќе велосипедисти, како и пешаци и корисници на јавниот превоз, па така изгледа дека наградните ваучери го постигнаа посакуваниот ефект.
Програмата е активна од април до септември секоја година. Добра идеја и за во Македонија, зарем не?
С. С. | Црнобело