Секс преку телефон: Целата вистина за оваа професија од прва рака
- Детали
- петок, 26 октомври 2018
„Добро заработувам, но во оваа работа мора да сте подготвени дека некои мрачни фантазии на луѓето ќе ве исплашат.“
И покрај тоа што порнографијата преку интернет најде лесен пат до домовите на сите, сепак, сексот преку телефон сè уште е популарен во многу земји.
Само во САД најпознатиот кол центар за вакви услуги добива по 40.000 повици дневно и луѓето плаќаат по 4 или 5 долари од минута за да му ги кажат своите фантазии на некој непознат глас.
Анџелика има 24 години, живее во Калифорнија и открива детали од нејзината работа:
„Порано работев како шминкерка во стриптиз клуб и една од девојките спомена секс преку телефон. Кажа дека се работи од дома и е доброплатено. Бев скептична, но се јавив во компанијата. Испадна дека сè е легално.
Ако работите многу, ќе направите многу пари. Ако во текот на денот работите 8 часа, по 2 часа со паузи, може да заработите и до 1.500 долари неделно. Не ја сакав идејата да работам во пижами, па за да се чувствувам секси и да звучам така на телефон на почетокот си се средував и си облекував високи потпетици дома.
Најлошата работа е што секогаш треба да сте подготвени и за најчудните фантазии. Стресно е затоа што за миг треба да се реинкарнирате во тоа што тие посакуваат да бидете. Клиентите се отворени и се воспоставува емоционална врска. Понекогаш се чувствувам дека сум психолог без диплома.
Најчесто бараат од вас да се допирате и да им стенкате на телефон. Да опишете со зборови како се соблекувате. Понекогаш има и чудни барања, на пример еден бараше од мене да испуштам звуци како верверичка. Не ни знаев како треба да звучи тоа, па ми спушти слушалка, па ми се јави повторно со ново барање. Тоа е игра.
Еден пак глумеше дека е дете, јас требаше да бидам авторитативна фигура, друг посакуваше секс со бремена жена итн.
Но, повеќето клиенти се јавуваат затоа што имаат потреба од комуникација, а не од секс. Сакаат да ги ислуша некој како им минал денот. Понекогаш се јавуваат и жени. Ми зборуваат за работа, политика, спорт.
На моменти ги жалам затоа што немаат со кого да го споделат ова, а неретко и затоа што не можат да си ја одвојат работата од приватниот живот.
За оваа професија најважно е да имате добри вештини за комуникација затоа што колку повеќе зборувате, толку повеќе заработувате. Но, запомнете дека некои мрачни фантазии на луѓето ќе ве исплашат.
Инаку, многу луѓе околу мене не знаат што работам. Татко ми на пример. Имам цел да заработам доволно за на колеџ.“
С. С. | Црнобело