Приказна за француското село Орадур-Сур-Глан и мрачната страна на војната
- Детали
- сабота, 17 ноември 2018
Секое место во светот испишува посебна приказна за своето постоење. Оние со трогателен тоналитет засекогаш остануваат впиени во свеста на човекот.
Едно такво место е француското село Орадур-Сур-Глан, во кое на 10 јуни 1944 година во окупираната Франција е извршен масакар. Грозоморниот настан бил извршен од страна на Шуцштафел – голема безбедноста и паравоена организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и Нацистичка Германија или позната како Вафен-СС каде биле убиени 642 житела, вклучувајќи жени и деца.
Историјата за овој настан гласно раскажува дека на 10 јуни, баталјонот на Дикман направил грешка, сметајќи дека Орадур-Сур-Глан е Орадур-Сур-Виена. На мештаните од страна на Германците им било наредено да се соберат на селскиот плоштад, со изговор дека ќе се вршело контрола на документите.
Додека жените и децата биле затворени во црквата, мажите биле сместени во амбари, каде прво им пукале во нозете, а потоа кога сите биле испопаѓани на земја ги полиле со бензин и ги запалиле. Кога веќе ги убиле мажите се упатиле спрема црквата.
По палењето на религиозниот објект, жените и децата почнале да бегаат, но во истиот миг и тие биле стрелани.
Речиси и да немало преживеани, освен неколкумина. Овој настан, според изјавата на Дикман било одмазда поради активностите против Германците.
Кратко време по завршувањето на Втората светска војна, било изградено ново село, но тогашниот претседател Шарл де Гол наредил уништеното село да биде оставено како вечен отпечаток и музеј, кој ќе ги потсетува луѓето за ужасната страна на војната.
Масакарот за Орадур-Сур-Глан инспирирало голем број на уметници да творат за селото наквасено со крв и за вресокот на болката. Ова е само една од многуте настани, кои зборува за суровоста на човечката природа.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело