Тајните на 51-годишниот маж од Сингапур кој изгледа како 20-годишен дечко

Можеби веќе сте слушнале за Чуандо Тан и сте ги виделе неговите фотографии, но доколку не ви е познат, време е да дознаете за него.

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-01.jpg

Тој е фотограф од Сингапур, а целото внимание на светот му го привлече со фотките од себе и неговиот младолик изглед.

Доколку ве чуди што е толку посебно во неговиот изглед и ако мислевте дека тој е уште еден млад и згоден дечко, се лажете.

Тој е роден во 1967-ма и има 51 година, иако изгледа како 20-годишен, а сите му завидуваат на тоа сакајќи да ја откријат неговата тајна, која се крие во животниот стил.

Како започнал?

Чуандо работел како модел во 80-ите, а во 90-ите станал и поп пејач, но неговата кариера не траела долго, па се одлучил за друга активност – фотографија.

„Отворив Инстаграм профил бидејќи некои пријатели ми кажаа дека клиентите би сакале да следат фотограф на оваа социјална мрежа. За да го разработам профилот, објавив неколку фотки од мене за да ги споделам мислите.“ – изјавил тој во интервју.

Корисниците веднаш забележале дека тој не се менува и воопшто не изгледа како 51-годишен.

Некои мислат дека причината се гените, други дека тајната е во местото на кое живее, бидејќи Сингапур има чист воздух, добра медицина и производи од висок квалитет.

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-02.jpg

Но, и покрај тоа, голема улога има и животниот стил, па погледнете како фотографот живее:

Јаде 6 јајца за појадок

Тан се држи до принципот дека „ти си она што го јадеш“ и верува дека 70% од изгледот како и здравјето на човекот зависат од храната која се внесува, а 30% од вежбањето.

Затоа тој јаде 6 тврдо варени јајца за појадок, со само 2 жолчки заради холестерол, плус пие чаша млеко, а некогаш додава авокадо со бобинки во појадокот.

Ова е задоволителна количина на протеини и енергија која тој ја внесува на почетокот на денот, а покрај ова, јаде пилешко со ориз, зеленчук на скара, како и рибја чорба во текот на денот.

Секако, како и сите останати кои имаат слабости, за него тоа е сладоледот, па некогаш си го дозволува ова задоволство во првата половина од денот.

Важно да се напомене, е дека избегнува кафе и чај, но затоа пие многу вода. Исто така не пуши, не пие алкохол и јаде многу салата за вечера, па оттука веројатно веќе ви станува јасно зошто изгледа така.

Поминува околу 90 минути дневно во вежбање

Чуандо има тренинзи за зацврснување на телото 4 пати неделно, а зависно од обврските, некогаш скратува еден тренинг, кој не трае повеќе од 30 минути.

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-03.jpg

По таквиот тренинг секогаш следи кардио, иако заради повреда на коленото, не трча, туку пешачи брзо.

Исто така, тој се обидува да плива речиси секој ден – оди на базен навечер и плива околу 1 час.

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-04.jpg

Го прави тоа што сака да го прави

Можеби звучи чудно, но можеби токму тоа е тајната за таквиот изглед, бидејќи да бидеме реални, дали секој од нас го прави само тоа што го сака?

Сето тоа што го правиме, а не го сакаме, влијае на психата, како и на целото тело, а тоа се одразува и на изгледот и стареењето.

Тан вели: „Сум пробал многу различни работи и застанав на тоа што навистина го сакам. Сакам луѓе, комуникација, сакам да правам фотосесии и да фотографирам. Ако го правите тоа што не го сакате, ќе се чувствувате лошо и секако, нема да ви го зајакне здравјето.“

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-07.jpg

Не користи производи за нега на кожа

Некои луѓе се уверени дека тој правел пластични операции и дека користи специјална козметика, но Тан вели дека има нежна кожа и дека користи само 2 работи секојдневно – гел за миење на лице и крем за навлажнување на лице.

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-05.jpg

Бањање и спиење 

Фотографот не се бања рано наутро и доцна навечер, се обидува да не си легнува подоцна од 11 навечер, а се буди рано секој ден. Работењето навечер и гледањето филмови до доцна според него не помага за подобрување на здравјето, а за да се наспие, не јаде 5-6 часа пред легнување.

„Верувајте ми, легнувањето рано се исплати. Со добриот сон и со тоа што ќе се наспиете доволно, ќе можете да правите повеќе работи во текот на денот отколку ако седите до доцна.“

kakov-e-zhivotniot-stil-na-50-godishniot-mazh-koj-lichi-na-20-godishen-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg