Момче и девојка случајно во исто време „клекнаа“ да се запросат во Дизниленд (видео)
- Детали
- петок, 24 август 2018
Истата идеја на ум, во исто време, на исто место... Изгледа тие навистина се совршени еден за друг, зарем не?
Пред замокот на Заспаната убавица во Дизниленд, Калифорнија, се случи неверојатна сцена. Кејси Донован (24) и Џеси Тобер (20) се запросија еден со друг во исто време.
Двајцата донеле прстени од дома и ја имале истата идеја на ум.
Џеси прва го извадила прстенот, а веднаш потоа и Донован го извадил прстенот купен за својата сакана. Магичниот момент е уловен на камера, а двајцата кажаа „да“.
Тие велат дека фактот што двајцата го избрале истото место за запросување покажува колку се знаат еден со друг и колку совршено си одговараат.
Погледнете го запросувањето:
TELL ME WHY WE JUST PROPOSED TO EACH OTHER AT THE SAME TIME AT OUR FAVORITE PLACE I’M SPEECHLESS pic.twitter.com/UaKcQlRTnP
-->— j e s s e (@virgoprincxss) August 20, 2018
С. С. | Црнобело