Зошто кралицата Елизабета прославува два родендени?

Кралицата Елизабета е позната по тоа што најдолго се задржала на тронот на Британската монархија. Но, зошто би си го „дуплирала“ датумот кога годините ѝ се зголемуваат?

zosto-kralicata-elizabeta-proslavuva-dva-rodendeni-2.jpg

Кралицата Елизабета е родена на 21 април, но тоа не е единствениот датум на кој го прославува роденденот.

Секоја година таа е славеник на точниот датум кога е родена, но и на „официјалниот“ датум.

zosto-kralicata-elizabeta-proslavuva-dva-rodendeni-3.jpg

Ова очигледно е традиција која се пренела уште од 1748-ма година, кога на чело на кралството стоел Џорџ II.

Тој бил роден во ноември, но сметал дека овој период од годината е престуден за било каква прослава. Па, решил да спои два настани во едно – да го прослави својот роденден на денот на воената парада позната како Trooping the Colour, која се одржувала во пролет.

Така традицијата за два родендени опстанува до ден денес.

Официјалниот, односно вториот роденден на кралицата, има флексибилен датум, но најчесто се одржува втората сабота во јуни.

zosto-kralicata-elizabeta-proslavuva-dva-rodendeni-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
Стотици волонтери ги чистат улиците, луѓе фрлаат кал по кралот и кралицата – Шпанија по разорните по... Стотици волонтери излегоа на улиците за да помогнат во расчистувањето на пустошо...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg