Светот се збогува со уште еден креативен ум: Почина модната дизајнерка Кејт Спејд
- Детали
- среда, 06 јуни 2018
Познатата дизајнерка на чанти, чевли и модни аксесоари, Кејт Спејд на 5-ти јуни беше пронајдена мртва во својот стан во Менхетен, Њујорк, а се претпоставува дека се работи за самоубиство.
Дизајнерката ја започна својата кариера во 1993-та година. За брзо време успеа да изгради едно модно кралство со помош на нејзините креативни и колоритни дизајни на чанти.
Нејзиниот почеток беше со една единствена продавница во Менхетeн, отворена во 1996-та година и прераснa во бренд со преку 140 продавници во Америка и 175 продавници низ светот.
По веста за нејзината смрт, компанијата која ја основала, познати личности, како и нејзините фанови се збогуваа со неа на социјалните мрежи.
https://twitter.com/katespadeny/status/1004060289569042432/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cnn.com%2F2018%2F06%2F05%2Fus%2Fkate-spade-dead%2Findex.html
Kate Spade’s tragic passing is a painful reminder that we never truly know another’s pain or the burden they carry. If you are struggling with depression and contemplating suicide, please, please seek help. https://t.co/eruSexNoGj
-->— Ivanka Trump (@IvankaTrump) June 5, 2018
My grandmother gave me my first Kate Spade bag when I was in college. I still have it. Holding Kate’s family, friends and loved ones in my heart.
-->— Chelsea Clinton (@ChelseaClinton) June 5, 2018
Кејт Спејд беше и гласник за младите дизајнери, особено за женската популација и често ги поддржуваше младите претприемачи да навлезат во овој бизнис.
Иако бизнисот е сè уште на нејзино име, дизајнерката и нејзиниот сопруг ги продадоа нивните акции од компанијата на Неиман Маркус во 2006-та година.
Дизајнерката оставила и порака пред да почине, но полицијата ќе спроведе истрага и аутопсија на телото за да ја утврди точната причина за смртта, a семејството пак, вели дека не е изненадно, со оглед на тоа што таа долго се борела со ментални проблеми, но се плашела да побара помош.
Во продолжение погледнете дел од нејзините креативни дизајни на чанти:
К. Д. | Црнобело