„Сите Американци се воркохолици“: 7 најголеми митови за Американците
- Детали
- понеделник, 21 мај 2018
Сите Американци не се воркохолици зависни од брза храна, а жените дефинитивно не изгледаат како холивудските ѕвезди.
Карина Кудинова е Русинка која поради работата на нејзиниот сопруг програмер морала да се пресели во Сиетл, САД.
Таа вели дека по неколку години минати таму сфатила дека постојат многу стереотипи за Американците.
Карина ги открива најголемите митови за нив:
Мит 1: Сите Американци се воркохолици
Многу Американци одат порано на работа, но не за да работат повеќе, туку за да си заминат порано. Работното време им е од 7 до 15 часот.
Работат прекувремено и викенди само ако дополнително им се плати.
Мит 2: Повеќето Американци се дебели
Поголемиот дел од луѓето се спортски активни, без разлика дали станува збор за физичка активност на отворено или за фитнес центри.
Мит 4: Има многу високообразовани Американци
Бројот на луѓе со дипломи и магистратури не е толку голем поради огромниот трошок за студирањето.
Доколку немате доволно голем буџет од родителите, прво мора да работите, па потоа да аплицирате на факултет.
Мит 5: Жените се комплетно социјално заштитени
Да, ако кренете рака на жена, веднаш ќе бидете строго казнети, но во Америка речиси и не постои породилно отсуство.
Времетраењето на отсуството е во зависност од договорот со фирмата и најчесто не трае подолго од еден месец.
Мит 6: Американците јадат само брза храна
Тие сакаат бургери и помфрит, но дефинитивно не го консумираат постојано тоа. Најчесто таму јадат оние кои немаат доволно време и оние кои брзаат некаде.
Менијата во рестораните им се преполни со прекрасни специјалитети.
Мит 7: Жените во Америка изгледаат како холивудските ѕвезди
Американките неретко изгледаат како да се родени во патики за трчање, џемпер и хеланки. Не постои дрес код за на работа или за на љубовен состанок.
Тие се облекуваат лежерно и дефинитивно не изгледаат како холивудските ѕвезди.
С. С. | Црнобело