Избегал од затвор па молел да се врати назад
- Детали
- недела, 23 ноември 2008
Бегството на Чед Тој од затворот во Кентаки не е тоа што ги изненадило затворските власти, туку молбата да се врати назад. "Кога заѕвонив на ѕвончето и им реков кој сум...
...чуварите беа навистина изненадени" изјавил Тој за еден од локалните весници. "Веројатно никогаш претходно ова не се случило".
21 годишниот Тој бил сместен во затвор чекајќи судење поради разбојништво во јули оваа година Но, покрај тоа тој веќе одлежува 4 годишна казна за кражба.
Затворските власти велат дека тој избегал додека еден од чуварите ја отклучил вратата за да се исчисти местото.
Но, Тој истото попладне се вратил целиот воден и каллив, велејќи дека сестра му го убедила да се врати назад заради негова безбедност.
Управникот на затворот изјавил дека првпат во неговата 14 годишна кариера се случува некој затвореник да избега и да се врати назад.
"Тоа беше импулсивна реакција. Видов отворена врата и едноставно истрчав. Навистина жалам за тоа што го направив. Доколку можам да го вратам времето, никогаш не би го сторил истото." изјавил Тој.