Доктор од Индија е хит на Инстаграм со уникатниот начин на кој им става инјекции на децата
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Дали би посакале и кај нас да имаме ваков лекар? Овој Индиец стана славен на социјалните мрежи затоа што од неговата ординација бебињата по инјекциите си одат насмеани и весели и ниту едно не плаче.
Одењето на лекар е вистински кошмар како за децата, така и за родителите кои треба да се справат со детето што потоа неутешно ќе плаче заради инјекциите, но овој индиски лекар покажува дека можеби понекогаш е најважен пристапот на лекарите.
Индискиот докторот Имран Пател е педијатар кој има 4 милиони следбеници на Инстаграм, благодарение на видеата кои го прикажуваат неговиот уникатен пристап кон дечињата на кои треба да им даде инјекции или вакцини.
Додека работи во неговата ординација во Asian Children’s Hospital во Ахмедабад Индија, докторот често знае да сними и забавни видеа со неговите мали пациенти во кои се гледа како се труди на секој можен начин да им го оттргне вниманието и тие воопшто да не забележат дека инјекцијата доаѓа.
Им пушта музика, им пее, си игра со нив, а најинтересно е што во видеата се гледа дека ниту едно од дечињата потоа не плаче од убодот.
Погледнете неколку од неговите видеа:
Б. С. Б. | Црнобело