Учител од Гана на учениците им црта Word документ на табла, бидејќи немаат услови за компјутер
- Детали
- петок, 02 март 2018
Овура Квадро не признава препреки и неговиот ентузијазам го инспирираше светот. Секоја чест!
Инспиративните учители, за жал, се реткост во Македонија и секој пат кога ќе чуеме приказна како учител од некое училиште во некој наш град или село има поинаков метод на предавање на материјата и по секоја цена сака да ги направи забавни неговите часови за децата, душата ни се топи.
Токму тие исклучоци од толпата треба да бидат мотивација и за другите како се работи кога професијата навистина се сака и како со вложување може да се стигне до резултати, дури и кога изгледа невозможно.
Ваков инспиративен лик е и Овура Квадро, учител од Гана, кој со својата посветеност го воодушеви светот.
Where there is a will , there is a way and where there is a way , there is a power to do. Thank God for my life. #undertreedistin
Posted by Owura Kwadwo Hottish on Tuesday, February 27, 2018
Where there is a will , there is a way and where there is a way , there is a power to do. Thank God for my life. #undertreedistin
-->-->Posted by Owura Kwadwo Hottish on Tuesday, February 27, 2018
Учениците во училиштето каде што предава немаат компјутери, но тој не се откажува од помислата да даде сè од себе за и тие да бидат во чекор со светот, па така на табла со креда им црта како се работи во програмата Word.
Иконите обоени со шарени креди и испишаните симболи се вистинска инспирација дека сè што се сака - се може.
Учителот по информатика (Information and Communications Technology) вели дека по виралното ширење на фотографиите од неговиот час добил низа повици и понуди за донации и проекти и дека му е навистина мило поради тоа, но упатува апел да им се помогне и на низа други училишта, кои се судираат со вакви проблеми.
Дури и компанијата „Microsoft“ слушна за овој инспиративен учител и вети донација на комјутери.
Неговиот инспиративен потег:
С. С. | Црнобело