7 правила за стапување во брак со член на британското кралско семејство

Изминативе неколку месеци сите се прашуваат дали принцот Хари ќе стапи во брак со Меган Маркл. Црвенокосиот принц порано беше познат како плејбој, ама се чини дека конечно е подготвен да се смири.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-01.jpg

Кралицата можеби ја одобри нивната врска, но дали ќе им дозволи да стапат во брак? Токму така, едно од правилата е дека кралицата е таа која дава одобрување за одреден кралски брак.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-1.png

Кои се другите?

1. Членовите на кралското семејство мораат да добијат дозвола од кралицата за да стапат во брак

Меган Маркл можеби има сè што е потребно за да стане член дел од кралското семејство, но според законот на Кралот Џорџ III од 1772-та година, постарите членови на кралското семејство не смеат да стапат во брак со некој кој претходно е разведен или католик.

Во 1936-та година Едвард VIII дури и се откажа од тронот само за да може да стапи во брак со Американката Волис Симсон која не само што се развела, туку била уште во брак со нејзиниот втор сопруг кога започнала нивната љубовна афера.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-2.jpg

Според новиот закон од 2013-та, само првите 6 членови од семејството кои се директни наследници на тронот мораат да добијат дозвола од кралицата за да стапат во брак.

Во 2015-та, кралицата дозволи на својот син Чарлс да стапи во брак со Камила Паркер иако Камила беше разведена и љубовница на принцот.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-3.jpg

2. Членовите на кралското семејство смеат да стапат во брак со обични луѓе, со дозвола од кралицата

Според законот од 1772-та година, било забрането членовите од кралското семејство да стапат во брак со некој кој не е со „сина крв“. Но денес, сè додека кралицата се согласува, бракот може да се смета за валиден.

Пример, за разлика од принцезата Дијана, Камила Паркер беше обична жена, а исто така и Кејт Мидлтон. Кејт стана војвотка после бракот со принцот Вилијам во 2011-та година.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-4.jpg

3. Ако стапите во брак со член од кралското семејство не значи дека ќе станете кралица или крал, па дури и принцези

Ако британската кралица стапи во брак, нејзиниот сопруг ќе биде познат како крал-консорт, но самиот нема да биде крал. Така, принцот Филип, кој е со грчко потекло, не може да биде прогласен за крал.

Принцот Филип е на ист начин принц, како што сопругот на кралицата Викторија, принцот Алберт, кој бил со германско потекло, бил само принц-консорт.

Кога британски крал ќе стапи во брак, неговата сопруга е кралица-консорт, не кралица во вистинска смисла на зборот.

4. Кога ќе стапите во брак со член од кралското семејство, не смеете да бидете политички активни

Кралското семејство не смее на ниту еден начин да биде политички активно, односно мора да биде политички неутрално.

5. Еднаш штом добиете титула, морате во секоја ситуација така да бидете повикувани

Не смеете Кејт Мидлтон да ја повикувате по нејзиното име - Кејт, туку мора да ѝ се обраќате со нејзината титула, војвотката од Кембриџ. Кога се обраќате на некој член од кралското семејство морате да се обраќате со „Нејзиното височество, војвотката од Кембриџ“ или пример, „Неговото височество, војводата од Кембриџ“.

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-5.jpg

6. Не смеете да играте монопол

Во 2008-та година, принцот Ендру, војводата од Јорк, помладиот брат на принцот Чарлс, забранил да се игра монопол, бидејќи играта станала многу злобна, а тоа не е соодветно однесување за членовите од кралското семејство.

7. На забави и настани сите се водат според кралицата

Ако кралицата стои, стоите и вие. Ако кралицата седи, седите и вие. Кралицата одлучува што ќе јадете, кога ќе заврши оброкот, колку долго ќе трае...

7-pravila-za-stapuvanje-vo-brak-so-clen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg