Русинка виси од облакодер висок 305 метри - Сè за фотка на Инстаграм
- Детали
- вторник, 21 февруари 2017
Некои луѓе подготвени се да направат сè за да бидат во центарот на вниманието и да добијат лајкови на социјалните мрежи. Дури и да си го ризикуваат животот.
Таков пример е рускиот модел Викторија Одинстова која доби многу негативни коментари откако реши да го ризикува својот живот и да виси на работ од кулата Кајан во Дубаи само за да се фотографира за на Инстаграм.
Нејзините следбеници покрај тоа што ја критикуваат затоа што си го ризикува сопствениот живот, додаваат дека така е и лош пример за многу млади луѓе на Инстаграм.
„Ова е најглупавиот и најочаен обид за внимание кој некогаш некој го направил. Праќа многу погрешна порака на младите луѓе ширум светот. Прво, го ризикува својот живот, потоа го ризикува животот на тој кој ја фотографира.“ - коментирал некој.
https://www.instagram.com/p/BPu1BPIAJKP/
https://www.instagram.com/p/BOm1HC-gCJK/
„Не ми се верува дека го направив ова. Секојпат кога ги гледам фотките и видеото, рацете почнуваат да ми се потат“ - вели таа.
https://www.instagram.com/p/BQDdRRbAP5g/
Инаку, откако видеото вирално се прошири, таа била повикана во полиција каде морала да даде изјава, односно да вети, дека никогаш повторно нема да го прави тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=fZ1owXJZaSQ
Н. Г. | Црнобело