Што се случува во Јапонија кога ќе заврне снег?
- Детали
- среда, 18 јануари 2017
Снегот носи радост речиси кај секој од нас, без оглед на годините и возраста.
Снежните врнежи оваа година не ја одминаа ниту Јапонија, претворајќи ја во прекрасна бела бајковита приказна.
Сепак, Јапонците нема да бидат тоа што се, ако не ја искористат нивната креативност за создавање на чудни и интересни нешта.
За разлика од нашиот традиционален снешко, тие снегот го искористиле за правење фигури кои ги претставуваат нивните омилени ликови од Покемон, од филмовите на „Studio Ghibli“ и други вирални видеа...
Еден од поинтересните настани на кој може да се видат навистина неверојатни скулптури од снег е „Sapporo Snow Festival“, но имајќи го предвид фактот дека сега снегот го има во изобилие, речиси секој може да се прикличи на забавата и насекаде можете да се чувствувате како да сте дел од снежен фестивал.
М. С. | Црнобело