Редок феномен на небото над Канада - Вертикална светлина во повеќе бои
- Детали
- петок, 13 јануари 2017
Многу спектакуларни работи можат да се случат доцна во ноќта, а за среќа, секогаш има некој кој е буден и успева да ги долови со својата камера или фотоапарат.
Неодамна, фотографот Тимоти Јозеф Елзига, се разбудил од плачот на неговиот 2-годишен син, Гибсон, во 1:30 часот кога здогледал прекрасна светлина од неговиот прозорец.
„На почетокот мислев дека светлината е всушност Поларната светлина, бидејќи живееме во Канада, ама потоа открив дека станува збор за друг феномен“ - објаснува Елзига.
„Небото беше чисто, а светлината изгледаше како од филмовите со вонземјани, кога тие собираат луѓе од Земјата.“ - додава тој.
Она што всушност тој забележал е редок феномен кој се нарекува „Светлосен столб“.
Станува збор за оптичка илузија каде се појавува цела или испрекината вертикална линија, а настанува кога зраците, се рефлектираат од ситни хексагонални молекули на мраз кои ги има во воздухот.
Како изгледа овој феномен во различни земји низ светот?
Н. Г. | Црнобело