20-те највлијателни фотографии на сите времиња
11. Човек на Месечината, Нил Армстронг, НАСА, 1969
Баз Олдрин на Месечината.
12. Мајка имигрант, Доротеа Ланге, 1936
Ова е фотографија која сведочи за она што се случувало за време на Големата депресија во Америка.
13. Момче од еврејско потекло се предава во Варшава, 1943
14. Столбовите на создавањето, НАСА, 1995
Фотографија направена со телескопот Хабл на спејс шатлот Атлантис на која е прикажана ѕвездена прашина.
15. Денот на победата над Јапонија се прославува на Тајмс Сквер, Алфред Ајзенстадт, 1945
Фотографија која ја доловува радоста на Американците.
16. Крвава сабота, Х. С. Вонг, 1937
Оваа фотографија сведочи за ширењето на империјалистичките желби на Европа, кои потоа се пренесоа и во Азија. Кина тогаш имаше за цел да го прошири своето влијание над Јапонија, па во тој период започна и Втората Јапонско-кинеска војна. На фотографијата е прикажано преживеано расплакано дете меѓу многуте починати од бомба фрлена на станица во Кина.
17. Албино момче, Биафра, Дон Мекулин, 1969
Да се биде прегладнето момче е страшно, но да се биде прегладнето албино момче во Африка е уште пострашно, бидејќи оние околу тебе те прогонуваат, исмеваат и навредуваат. Заради оваа фотографија се отвори „Doctors Without Borders“.
18. Катастрофата во Хинденбург, Сем Шир, 1937
Цепелините беа величествени, луксузни „чудовишта“ на небото кои беа знак за богатство и моќ, но истовремено и голема опасност, бидејќи воопшто не беа безбедни. Пример за тоа е несреќата над Франкфурт.
19. „Guerrillero Heroićo“, Алберто Корда, 1960
Моментот кога Че Гевара ја обвини Америка за бродот кој експлодираше на пристаништето на Хавана.
20. Поглед од прозорецот во Ле Грас, Јосиф Нисефор Непс, 1826
Ова е првата фотографија некогаш направена со фотоапарат од страна на пронаоѓачот на фотоапаратите.
Сите 100 фотографии можете да ги погледнете ТУКА.
Н. Г. | Црнобело