20-те највлијателни фотографии на сите времиња
- Детали
- петок, 25 ноември 2016
Милиони фотографии се прават секојдневно, па сосема нормално е да се изгубиме во „сеното“ безначајни фотографии.
Од таа причина, списанието TIME реши да креира листа на 100-те највлијателни фотографии кои некогаш биле направени.
Листата е направена со совети од тимот од разни куратори, историчари и фото едитори.
„Не постои формула што може да направи една фотографија влијателна“ - велат уредниците на ова списание.
„Некои од фотографиите се најдоа на листата, бидејќи биле први фотографии направени од таков тип, а некои затоа што успеале да го променат и начинот на кој живееме“ - додаваат тие.
Резултатот не е само колекција на одлични фотографии, туку и на неверојатни човечки искуства.
Ова се првите 20 фотографии на листата:
1. Ужасот на војната, Ник Јут, 1972
Фотката е од 9-годишно девојче кое било препокриено со Напалм, материја која ја гори облеката и кожата. Благодарение на фотографот девојчето било однесено во болница и ги преживеало изгорениците од трет степен.
2. Свештеникот кој гори, Малколм Браун, 1963
Оваа фотографија му донесе Пулицерова награда на Малколм, а на неа е прикажан будистички свештеник кој протестира против тогашниот виетнамски режим, на тој начин што се самоубива со палење.
3. Изгладнето дете и мршојад, Кевин Картер, 1993
Картер ја следел ситуацијата во Судан кога наишол на дете кое од прегладнетост не можело да продолжи да се движи до најблискиот центар за донации. До него слетал мршојад кој чекал да види што ќе се случи со момчето...
4. Ручек на врв на облакодер, 1932
11 мажи јадат на 69-от кат на зградата RCA.
5. Маж пред тенкови, Џеф Вајднер, 1989
Оваа фотографија е направена после масакрот на плоштадот Тјенанмен кога кинеските сили ги нападнале продемократските демонстранти кои кампувале на плоштадот. Човекот пред тенковите одбивал да им се тргне од патот.
6. Алан Курди, Нулуфер Демир, 2015
Ова е фотографија од 3-годишно удавено момче од Сирија, кое брановите го однеле на крајбрежјето на турскиот град Бодрум. Фотографијата стана симбол на моменталната војна.
7. Човекот кој паѓа, Ричард Дру, 2001
На денот на масивната трагедија во Њујорк, овој човек скокнал од едната од кулите, одбивајќи да загине од самиот колапс на близначките.
8. Облак печурка над Нагасаки, Чарлс Леви, 1945
9. Колапс на скали за евакуација, Стенли Форман, 1975
Во обид да избегаат мајката и детето од пожар, завршуваат на скалите за евакуација кои после неколку моменти испуштаат душа.