Земји во кои животниот стандард е највисок, а животот најквалитетен
- Детали
- вторник, 15 ноември 2016
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) неодамна го издаде Индексот за подобар живот кој ги рангира земјите според квалитетот на животот кој тие го нудат.
Индексот вклучува 34 земји кои се проучуваат преку 11 параметри за добро состојба како што се баланс работа-живот, финансиско богатство, безбедност, образование и квалитет на животната средина.
Според најновите податоци, ова се земјите кои понудиле најдобар квалитет на живот во 2016-та година:
11. Холандија
Оваа земја може да се пофали една од највисоките стапки на писменост во светот. ОЕСР открила дека учениците во Холандија имаат натпросечни резултати во математика, природни науки и тестови за читање со разбирање.
10. Исланд
Исланд падна за осум места од индексот минатата година. Процентот на работната сила во Исланд која е невработена една година или повеќе, изнесува речиси 0,7%, што е многу пониско од просекот од 2,6% на ОЕСР.
9. САД
И покрај тоа што падна четири места подолу од минатогодишниот индекс, САД се наоѓа на самиот врв во области како домување, приходи и богатство. Расположливиот доход на домаќинствата во просек е $41.071 долари годишно, што е највисока стапка во студијата на ОЕСР.
8. Финска
Во Финска само 4% од вработените работат прекувремено, што е многу пониско од просекот на ОЕСР кој изнесува 13%.
7. Нов Зеланд
Нов Зеланд оваа година како приоритет ја постави грижата за животната средина. Емисиите на стакленички гасови се релативно ниски, главно заради ниската популација на земјата.
6. Шведска
Луѓето во Шведска имаат високо ниво на граѓанска одговорност, затоа и водат квалитетен живот. На последните избори, дури 83% од населението излегло на гласање.
5. Канада
Оваа земја има висока позиција во областа на допустливо домување. Во почетокот на 21 век владите на Торонто и Ванкувер ги прераспределиле сите едносемејни населби, така што сопствениците на домови ќе можат да изнајмат дополнителни соби.
4. Швајцарија
Стапката на невработеност во Швајцарија изнесува околу 3,1%, што е една од најниските стапки на невработеност во светски рамки.
3. Данска
Земјата скокна за 7 места од минатата година, и има високи резултати во областите како платен годишен одмор, кој изнесува околу 5 седмици годишно. Во просек, вработените со полно редовно време пријавиле дека 66% од деновите ги посветуваат на „лична нега“ (односно не работат).
2. Австралија
Ова е земјата која во 2013-та и 2014-та година беше рангирана на првото место. ОЕСР открила дека луѓето во земјата имаат изразено чувство за заедништво: 95% од Австралијанците веруваат дека познаваат некого на кого можат безусловно да се потпрат.
1. Норвешка
И оваа година, како и минатата, Норвешка се наоѓа на врвот на листата. Луѓето живеат најдобар живот токму во оваа земја, така што поголемиот дел од ни имаат добро платена работа, високо ниво на образование и живеат во просек по 82 години.
М. С. | Црнобело